Ако владата на Заев продолжи со ваква фреквенција на задолжување на државата, до крајот на оваа година земјата може да се најде во рецесија – оцени во вчерашното гостување во дневникот на ТВ Сител, генералниот секретар на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Дека Македонија се наоѓа пред сериозна финансиска криза, која ќе се манифестира преку рецесија и банкрот на државата, зборува и фактот дека за само 80 дена, Тевдовски ја задолжил Македонија со 170 милиони евра преку аукци, и дополнителни 160 милиони евра стопени девизни резерви.
Не треба много човек да биде аналитичен за да заклучи дека ако вториот квартал се движиме околу нулата би биле среќни, а ако вака продолжи втората половина на август месец и првата половина на септември, тогаш сигурно ќе имаме негативен раст на бруто домашниот производ во третиот квартал, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска беше гостин во Вестите на Сител телевизија.
-Ако си дозволиме и во четвртиот квартал да имаме, тогаш државата ќе влезе во рецесија и ќе биде една од ретките во Европа која во овој период ќе влезе во рецесија, додаде Мицкоски.