Министерот за внатрешни работи на баварскиот регион Јоаким Херман откри неверојатна информација од дуелот меѓу Германија и Франција во Минхен.
Натпреварот на „Алијанц Арена“ беше прекинат од активист, кој несакајќи заврши на тревникот. Неговата намера беше да прелета над стадионот и да фрли топка со порака „Исфрлете ја нафтата“.
Меѓутоа, наместо тоа, пресече телевизиски кабли и повреди две лица. Германската полиција открива дека беше блиску да пука во „натрапникот“ од небото. Дилемата меѓу службениците била дали се работи за терористички напад или не.
38-годишниот Германец веднаш заврши во полициска станица. На крај имаше среќа што за оваа авантура не плати со својот живот.