- Advertisement -
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва на социјалните мрежи ја честиташе историската победа на фудбалскиот клуб Вардар во натпреварот против Фенербахче.
-Честитки за Вардар, одличната игра на вардаровите фудбалери и постигнатиот успех. Фенербахче цврст и достоен противник. Очекуваме уште радости и победи на Вардар кој вечерва не’ направи горди на успехот, пишува Груевски.