Дигачот на тегови Џулиус Секитолеко од Уганда исчезна во Токио на една седмица пред почетокот на игрите.
Тој минатиот месец стигна во Јапонија како дел од олимпискиот тим на Уганда кој беше сместен во близина на Осака.
Од комитетот на африканската земја велат дека 20 годишниот олимпиец оставил порака за сопругата во која и порачува дека нема намера да се врати дома и дека и остава се што има. Тој потекнува од сиромашно семејство и затоа сметаат дека побарал работа во Јапонија. Секитолеко бил снимен од безбедносните камери како купува билет за воз за Нагоја.