Популарната хрватска пејачка Северина одржа концерт во Врњачка Бања, и доживеа мала незгода, која, за среќа, помина без поголеми последици.
За време на концертот, пејачката танцувала и скокнала, а потоа се сопнала од звучникот зад неа и паднала. Со широка насмевка, додека момците од бендот ѝ помогнале да стане, Северина станала и продолжила со концертот.
Таа на својот инстаграм-профил сподели видео од падот.
„Еве сега концертот заврши, беше фантастично. Малку си го повредив грбот, но вредеше, како што би рекле луѓето, вредеше“, истакна Северина.
„Вредеше… Заради вас 20.000 под чадори. Ви благодарам Врњачка Бања“, напиша Северина во описот на видеото.
Видеото може да го погледнете ТУКА.