Браќа и сестри имам огромна чест и привилегија во наредните осум дена да бидам учесник во коњаничкиот марш ,,Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче”.
Ќе се обидам преку слики и видеа да ви пренесам мал дел од убавините на Македонската земја на патот од Гостиварско Зубовце, до славно Крушево, каде за Илинден на 2-ри Август ќе се поклониме и положиме цвеќе пред споменикот на Мечкин Камен. Се гледаме во Крушево!
Да Живее Република Македонија
Слобода или Смрт, пишува на Фејсбук претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.