САД објавија дека испраќаат дополнителни 3.000 војници во Авганистан за да помогнат во евакуацијата на дел од персоналот од американската амбасада во Кабул.
Пентагон денеска соопшти дека до крајот на викендот, повеќето од дополнителните 3.000 американски војници кои привремено заминуваат во Авганистан за да помогнат во заштитата на персоналот на амбасадата ќе пристигнат во градот.
„Очекувам дека до крајот на викендот, повеќето од 3.000 за кои зборувавме вчера ќе бидат таму“, рече портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, додавајќи дека некои војници веќе пристигнале во Авганистан, пренесе Ројтерс.