Русија протера дописничката на Би-Би-Си

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дописничката на Би-би-си, Сара Рајсфорд, која Москва одлучи да ја протера, изјави денеска дека била информирана дека никогаш нема да може да се врати во Русија, што го смета за „јасен знак“ за влошување на слободата на медиумите во земјата.

Рускиот информативен канал „Русија 24“ синоќа објави дека дописничката на Би-би-си, Сара Рајснфорд мора да ја напушти земјата до крајот на месецот, пред да и истече визата. Тие наведоа дека одлуката на руското МНР претставува одмазда за одлуката на Велика Британија да ги одбие барањата за виза на руските новинари.

– Ова не е неуспешно обновување на мојата виза, иако технички изгледа така, ме протераа и ми рекоа дека никогаш нема да може се вратам – изјави Рејсфорд за Би-би-си.

Таа додаде дека е „многу тажна“ што мора да си замине толку нагло, држава во која поминала речиси една третина од својот живот и чиј јазик го зборува.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, одлуката на Москва ја поврза со „понижувањата со визите што Лондон им ги наметна на руските дописници во Велика Британија“.

Сара Рајсфорд објасни дека го навеле случајот со руски новинар чија виза не била продолжена пред две години, како и британски санкции против Русите за кршење на човековите права во Чеченија и поради корупција.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This