(Видео) Пpeкy пycтинaтa кoн зaпaдoт…: Гoлeмaтa мигpaциja нa aвгaнистaнцитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не сите Авганистанци имаа среќа да стигнат до место во авион до последниот лет од меѓународниот аеродром во Кабул, откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан. Оние, пак, кои останаа во земјата што е разорена од четиридецениската граѓанска војна, решија да си ја пробаат среќата преку копнените граници.

Неверојатните снимки кои доаѓаат од Авганистан укажуваат на епски обем на егзодус на локалното население кое бега во правец на запад. Речиси библиски снимки на масовна миграција се снимени во пустината на место каде се вкрстуваат границите на Авганистан, на Пакистан и на Иран. На нив се гледа бесконечна река од луѓе низ планините и ридовите.

Таквите слики се само потврда за стравувањата на европските лидери од нов бран на бегалци на Стариот континент, пренесува „Дејли мејл“. Додека Канада изрази подготвеност да прими 5.000 бегалци, австрискиот канцелар Себастијан Курц јавно порача дека неговата земја не може повеќе да прима Авганистанци, а Турција, исто така, одби дополнителен ангажман на тоа поле. Па, преземањето на власта на талибанците, може да значи и наплив на голем број на бегалци од Авганистан во земјите на Балканот.

Обединените Нации во меѓувреме предупредија дека Авганистан е на праг на нова хуманитарна криза.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This