Стефковски: Ќe нaпpaвимe кaтacтap нa зaгaдyвaчи и ќe гo peшимe пpoблeмoт co вoдoснaбдyвaње на Раштак, Булачани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема фекална канализација и вода за пиење во повеќе места и ветувам дека тоа ќе го средам за 4 години, рече Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник на Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на Македонската телевизија.

Стефковски вети за Раштак, Брњанци водоводни и канализациони мрежи и тоа квалитетни.

„Гази Баба важи за најзагадена општина, потоа потребен е план за намалување на загадување, чистење на диви депонии, почеток на гасификација. Исто така треба да се затвори депонијата Вардариште, а ќе направам и реален катастар на загадувачи”, кажа Стефковски.

Тврдењата на актуелниот градоначалник на Гази Баба, Борче Георгиевски, Стефковски посочи дека се лага.

„Појдете и во Раштак и во Булачани и да ги прашате дали имаат квалитетна вода за пиење”, му посочи Стефковски на Георгиевски.

Стефковски рече дека во изминатите 4 години главно сечел ленти на објекти започнати и речиси завршени во време не ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога беше локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше  готово училиштето во Железара, улилиштето Вера Јоциќ, културниот дом. Градоначалникот Георгиевски во изминатите 4 години само сечеше ленти на објекти изградени од локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ”, рече Стефковски. 

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This