Oва е единстената причина поради која го држат Камчев во притвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во гостувањето во емисијата Јади Бурек на телевизија Сонце истакна дека во случајот „Плацеви на Водно“ нема дело, бидејќи нема никакви докази дека воопшто е направено некакво кривично дело.

Камчев е во притвор потенцираше тој бидејќи во моментов на сите полиња Владата се соочува со порази на нејзините политики и доколку Камчев е на слобода тој може да проговори за сите притисоци кои ги трпел до сега и да го зададе последниот удар на Владата по што ќе заврши кариерата на целиот државен врв.

-Знаете ли зошто го држат осум месеци во притвор Орце Камчев и зошто е оваа тортура? Од тоа што јас го разбирам од предметот, ги следам сите рочишта и ги знам доказите со кои располагаат, во тој предмет нема дело. И ако судијата е правичен и суди по закон и ако доволно добро ги цени доказите и исказите на сведоците во таа ситуација сите во таа постапка треба да добијат ослободителна пресуда. Единствена шанса Камчев да биде во затвор е сега, во притвор. Судијата не би можел да донесе одлука во која ќе го осуди Камчев бидејќи нема докази нема ништо. Единствена шанса Камчев да биде во затвор пред избори, после избори, за време на овие ситуации кога бугарија не блокира, ЕУ ни вели не, индекс за демократија ни вика сте хибриден режим, еврокомесарот Фигел ни вели сте станале како Камбоца и Судан. Значи во таква ситуација тие го тргаат Камчев на страна бидејќи знаат дека во ваква ситуација тој е подготвен да излезе и да каже каков притисок трпел до тој момент и дополнително да им ја уништи политичката шанса, вели тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This