Во тек е спонтано организиран собир за поддршка на Србите од Косово и Метохија пред Домот на Народното собрание на Србија.
Косовската полиција утрово спроведе акција во која беа затворени неколку продавници во северниот дел на Косовска Митровица и околните места, и на тој начин предизвика реакција кај жителите на тој град, кои со камиони блокираа одредени градски улици и крстосници и возила
Полицијата употреби шок бомби и солзавец, а се активираа и сирени за тревога. Нешто подоцна, пристигнаа и припадници на специјалната единица РОСУ. Слична акција се одржа и во Звежан. Десетици Срби се повредени, од кои еден потешко.