ЕВН известува дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 28.10.2021 година (четврток) без електрична енергија ќе останат следните корисници:
• од 08:30 до 10:30 часот, корисниците од дел од улиците: Добромир Хрс и Лазар Димитров.(Општина Кисела Вода)
• од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Зеленгора. (Општина Кисела Вода)
• од 08:30 до 12:30 часот, објектите на бул. Гоце Делчев во близина на Бензиската пумпа – Макпетрол спроти поранешниот Саем, како и околните објекти на кејот Димитар Влахов до зградата на МРТВ. (Општина Центар)
• од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Драчевска и ул. Студеничанска во с. Драчево, (Општина Кисела Вода), и во истиот термин од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул. 60 во с. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
• од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Студеничани, (од џамијата кон училиштето). (Општина Студеничани)