Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и утринска магла по одделни котлини. Од југоисточниот правец ќе дува слаб ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната од 13 од 17 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а преку ден ќебиде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 14 степени.
Вториот ден од викендот ќе преовладува стабилно, сончево со умерена облачност и утринска магла по одделни котлини.
Од следната недела во западните делови ќе има услови за слаб дожд.