Попладнево голем пожар ја зафати зградата на Катастарот и управата за имотно правни односи во Куманово. Со пожарот се зафатени и дел од општинските канцеларии.
Градежната инспекција која што досега ја водеше Зоран Дамјановски од Куманово е сместена во просториите кои ги зафати пожарот.
Засега нема информации за предизвиканата штета или повредени лица.
-Гори зградата на Општина Куманово. Запален е делот каде што им е финанскискиот центар. Баш тамо ли бе ? ццццц И тоа сега, пред избори. Значи не се запалила чуварницата туку финансискиот центар. Изгореа доказите за доброто финансиско работење на Општината.