ЕДВАЈ СПАСИЛ ЖИВА ГЛАВА: Кумановец претепан и избоден пред сопствениот дом!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 25 ноември 2017 година во 7:40 часот во Полициската станица Куманово било пријавено дека во Медицински центар Куманово бил донесен Д.П. (26) од Куманово со убодна рана во пределот на десната нога.

Истиот ден околу 7 часот, додека Д.П. бил дома, на мобилниот телефон му се јавило непознато лице и побарало да излезе надвор бидејќи требало да му даде нешто. Д.П. излегол надвор и во моментот кога сакал да се поздрави со лицето, од зад грб друго непознато лице го удрило со дрвена рачка од метла.

 

Тој паднал на земја, а непознатите лица почнале да го удират со дрвената рачка, со пластична цевка и со нозе во пределот на телото и главата.

Во еден момент, едно од лицата со нож го прободело во пределот на десната нога. Д.П. успеал да избега и да влезе во куќата, од каде бил однесен во Медицински центар Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Latest News

Trade | Kèo Châu Á Là Gì Hướng Chơi Cược Cơ Bản Cho Người Mới | arhiva.iNFOMAX.mk

Kèo châu Á là một loại hình cá cược bóng đá phổ biến tại các nhà cái trên khắp...

More Articles Like This