Револтирани од политичкиот прогон на патриотите, граѓани со свои возила го блокираа сообраќајот на главните улици во Велес.
Блокирана беше улицата „8-ми септември“ во центарот на градот. Протестот потоа продолжи по улицата кон раскрсницата со семафорите и улицата „Благој Ѓорев“.
Граѓаните повеќе не можат да седат и немо да ја гледаат политичка одмазда и терор на власта врз оние кои застанаа на патот на распродавањето на државата.
Додека се протестираше одекнуваше химната на Република Македонија и се скандираше и „Македонија“.