- Advertisement -
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во која има и жртва.
Околу 17 часот на булевар „Борис Трајковски“ (поранешна Првомајска), животот го загуби 38-годишниот Е.А.
-Е.А. управувајќи со мотоцикл Сузуки изгубил контрола и се превртел на патот. Од добиените повреди човекот почина на лице место, информираат од МВР.
Смртта била констатирана од страна на лекар на Итна медицинска помош.
Полиција веднаш излегла на терен, а увидот е се уште во тек.