„Македонскиот премиер Зоран Заев е сопственик на луксузна вила на три ката во грчкиот град Неа Мудања во областа Халкидики во вредност од 300.000 евра“ – анализираат бугарските медиуми, кои во истрагата за тоа колку чини вилата на Заев и споредба со цените од грчките брокери со недвижнини заклучиле дека таа е барем три пати поскапа од она што се соопштуваше во македонските медиуми
Зоран Заев е сопственик на луксузна вила на три ката во Грција, која често ја посетува, а редовно му гостуваат политичари со кои води тајни разговори. Куќата се наоѓа во првиот ред до морето, а цената за таква куќа се движи од 300.000 евра па нагоре – пишува бугарскиот весник „Труд“.
Како што информираат од бугрските медиуми, во вилата во Грција најчесто претстојуваат политичари од Косово и Македонија, а неретко гости во вилата се и видни бизнисмени од државава но и од Грција.
Од документите до кои дошле бугарските медиуми, се истакнува дека вилата е регистрирана на име на неговите братучеди.