-ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Устав со цел промена на уставното име и нема да преговара за идентитетските прашања. ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати име кое ќе нема превод, додаде тој.
Во вечерашното интервју на Канал 5 телевизија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијаn Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е браникот на државните и националните интереси.
-ВМРО-ДПМНЕ е браник, столб на македонските национални интереси, додаде тој.
Според Мицкоски, историјата покажалa дека секогаш кога некој друг одлучувал за иднината на Македонија, а не ВМРО-ДПМНЕ, државата излегувала како губитник.
-ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Устав со цел промена на уставното име и нема да преговара за идентитетските прашања. ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати име кое ќе нема превод, додаде тој.
Мицкоски вели дека СДСМ со “пиши бриши’ дипломатијата и какафоничноста во изјавите ги загрозува позициите на Македонија во спорот како и македонските национални интереси.