Чичо Драги кој продава на Рекорд за да се прехрани себе и кучињата правел операција (трахеотомија) и потребни му се стерилни памучни гази. Бидејќи не е во состојба да ги обезбеди, става салветки.
„Потребно е барем малку храна во денот да с остава за него и кучињата бидејќи тој нема да ги остави ненахранети. Очајно сме му потребни, ако ништо друго оставете му храна макар тоа да е само леб, нема да ве одбие. Можете да го најдете среда, четврток и петок од 09 до 14 часот кај Центар бар“, се вели во апелот на социјалните мрежи.