Српскиот претседател Александар Вучиќ во моментот разговара со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, во врска со ситуацијата на северот на Косово, дознава српски Информер.рс, додавајќи дека се разгледуваат сите опции за смирување на тензиите кои ги предизвикаа косовските власти
Вучиќ, како дознава Информер.рс, со Путин ќе ги разгледа сите можни последици од неконтролираното насилство на северот на Косово по апсењето на Марко Ѓуриќ.
Попладнево околу 17.30 часот, косовските безбедосни сили упаднаа во сала во која српските политичари разговараат со претставниците на Србите на Косово за внатрешниот дијалог.
Со шок бомби, долги цевки на улиците и сирени за предупредување од напад се предизвика хаос во Митровица.