April 30, 2024, 11:40 am

ОДБИЕНО БАРАЊЕТО ЗА ИЗЗЕМАЊЕ: Одбраната на Груевски реагира – ова е одлука без преседан!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелацискиот суд го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за случајот „Тенк“ за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет за истиот предмет.

Во однос на решението, одбраната побара да и биде даден рок жалба. Судечкиот совет одби.

Да се донесе решение без можност за жалба, е преседан според адвокатот Дангов.

– Според членот 440 став 1 барам да ми се овозможи рок за жалба против ова решение. Според член 36 од КЗП треба да ми биде дозволена жалба во даден рок. Понатамошните дејствија би биле преземени со повреда на процесната постапка, рече Дангов.

Изземање на судскиот совет побара и адвокатот Боро Тасевски, кој своето барање го образложи дека постои сомнеж кај него за пристрасност на судиите.

Судијата Кацарска го одби барањето на Дангов, а за барањето на Тасевски даде пауза од нови 20 минути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This