ПУТИН ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА: Русија “не се обидува да ја подели ЕУ”, вели Путин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи пред посетата на Австрија, изјави дека не сака да ја подели Европската унија.

Тоа е негово прво билатерално патување во западно-европска земја по речиси една година.

“Ние не ја следиме да поделиме нешто или некој во ЕУ”, изјави Путин за радиодифузерот ОРФ.

“Ние сме далеку позаинтересирани за тоа ЕУ да се обедини и процвета, бидејќи ЕУ е нашиот најзначаен трговски и економски партнер”.

Рускиот лидер ќе се сретне со владини и деловни лидери во Австрија, кој официјално ќе се одбележи 50 години откако енергетските фирми на двете земји Гаспром и ОМВ првпат потпишаа договор за снабдување со гас.

Прашањето за санкциите на ЕУ, наметнати на Русија поради наводната поддршка за проруските сепаратисти во источна Украина, ќе бидат исто така тема на разговор.

Австриската екстремна десничарска партија за слобода (ФПО) повика на укинување на санкциите против Русија, но конзервативниот канцелар Себастијан Курц и неговата партија, кои ја контролираат австриската политика за ЕУ, рекоа дека Австрија ќе биде во линија со ЕУ.

Австриската коалициска влада на конзервативците и екстремноата десница беа во малцинство на влади на ЕУ кои не протераа ниту еден руски дипломат поради наводната вмешаност на Мосвква во случајот Скрипал.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This