НАТО АВИОНИ ПАТРОЛИРААТ ВО ЦРНА ГОРА: НАТО од денес патролира над небото на Црна Гора

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воените авиони на воздухопловните сили Италија и Грција, во соработка со воздухопловните сили на Армијата на Црна Гора, ќе почнат денеска, на 5 јуни, редовно да патролираат над црногорскиот воздушен простор и да го заштитат, изјавија од Министерството за одбрана на Црна Гора.

По тој повод, како и по повод првата годишнина од членството на Црна Гора во НАТО ќе биде организирана пракса на приземјување “авиони-натрапниците”, пренесува РТЦГ.

Според изјавата, заштитата на воздушниот простор е една од “најважната форма на директни бенефиции на членството” на Црна Гора во НАТО и Црна Гора ќе добие поддршка од сојузниците во заштитата на воздушниот простор, преку мисијата на НАТО која не е од воен карактер.

Мисијата за контрола на воздушниот простор е задолжена за заштита на небото на сојузниците, кои немаат свои воздухопловни сили, но низ цела Европа во моментов постојат неколку такви мисии.

Авионите на Италија и Грција од 2009 година го штитат воздушниот простор над Албанија, додека Белгија, Холандија и Луксембург заеднички го штитат сопствениот воздушен простор.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This