КУРЦ БАРА КРАТЕЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ЕУ: Помалку комесари – поголема заштеда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрискиот канцелар Себастијан Курц смета дека треба да се намалт трошоците на ЕУ и истакна дека за да се случи ова треба да се намали Европската комисија.

“Мислам дека ако сакаме да се спаси Европа, тогаш Брисел треба да предводи со својот пример и да ги намалат трошоците за администрацијата”, изјави Курц во изјавата за германскиот весник “Ди Велт”.

Според него, бројот на европските комесари треба да се намали од сегашните 28 на 18. Курц се заложи и за принципот на ротација.

Според него, ова не само што ќе доведе до заштеди, туку и Европската комисија ќе биде поефикасна и пофокусирана.

Исто така, Курц побара да стави крај на “глупавата практика” на двојното седиште на Европскиот парламент, кое е во Стразбур и Брисел.

Владата на Австрија е еден од најголемите критичари на новиот предлог буџетот на ЕУ, кој Европската комисија го има подготвено за периодот 2021-2027 и најави дека, по “Брегзит” не сакаат да плаќаат повеќе средства во благајната на Брисел.

Курц смета дека е неприфатливо Австрија да плати 1.114 отсто од БДП во буџетот на ЕУ и вели дека е неприфатливо за официјална Виена се што надминува еден процент од БДП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This