Сезимологот Крешимир Кик рекол дека денешниот потрес со магнитуда од 6,2 степени бил изразито силен и ослободил енергија 30 пати повеќе од оној кој беше летото во Загреб.
Вели дека во Загреб е колапс, улиците се блокирани, многу луѓе се надвор, и апелирал да се ослободат улиците за итните служби, пожарникарите и Итната помош.
„Тој според магнитудата, според пресметките е некаде максимална магнитуда на потреси кои на тие простори може да се случат. Во секој случауј, веруваме дека ова е најсилниот удар и дека после него ќе има помали“, рекол Кук.
Не може со сигурност да се тврди дека нема да има силни удари, но во секој случај на тоа подрачје, посилни од овој не може да има.
„Во принцип ова е нешто најлошо“, кажал тој и додал луѓето кои имаат каде да се засолнат, да не престојуваат во бојектите за кои не сметаат дека се безбедни.