Во првото гласање на Законот за ЈО кое беше поништено поради тоа што собранискиот спикер Талат Џафери не видел оти пратеничката Лилјана Поповска се пријавила за процедурално фалеа 6 гласа за да се донесе Законот.
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети не гласал при првото гласање на Законот за јавно обвинителсто, но неговиод пример го следел и сопартиецот Џеват Адеми. Не гласале ниту претставниците на ромската заедница Амди Бајрам и Самка Ибраимовски.
Списоците покажуваат и дека Лилјана Поповска од ДОМ, поради која и се поништи гласањето не гласала.
Не гласале ниту пратниците од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски и Даниела Рангелова.
Ова е листата од незаконски повтореното гласање: