He e caмо Македонија – Бајден ќе ја бpишe американската истopија: Планира да ја cмeни банкнотата од 20 долари со ликот на Ендру Џексон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ликот на активистката против ропството Хериет Табмен ќе го замени поранешниот американски претседател Ендрју Џексон на банкнотата од 20 долари, најави администрацијата на Џо Бајден.

Банкнотата со Хериет Тубман, родена како робинка во 1822 година, првично требаше да биде реализирана минатата година, но беше одложена за време на претседателот Доналд Трамп, кој ја опиша како „чиста политичка коректност“.

Бајден повторно го покрена процесот, а портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека Министерството за финансии бара начини тоа да се забрза.

Ендрју Џексон бил робосопственик, а Хериет Табмен, чие вистинско име е Араминта Рос, била активист за правата на црнците.

Родена како робинка во државата Мериленд, од каде побегнала на север во 1844 година, каде што со помош на аболиционисти организирала 19 експедиции за време на кои биле ослободени 300 робови. За време на американската граѓанска војна, таа шпионирала за армијата на Унијата.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This