дома блог страница 15197

ДЕНЕС СОНЧЕВО И ТОПЛО ВРЕМЕ

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност повеќе на исток и на југ од земјата. Ќе дува слаб северен ветер.

soncevo-toplo

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 27 до 33 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Следува период на стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурата ќе биде во постепен пораст. Во среда кон крајот на денот претежно во западните делови и во четврток и во останатите се очекуваат локални врнежи од дожд и умерена нестабилност со благо опаѓање на дневната температура.

ЧЕСТИТИКА ОД ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ: Нека Пресвета Богородица го чува нашиот народ и нашата држава и нејзината милост нека го покрие целиот христијански народ

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица денеска премиерот Емил Димитриев упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски, Господин Господин Стефан, до членовите на Синодот и до сите православни верници, лично и од име на Владата на Република Македонија.

ed-300x300

– Славејќи го денешниот празник, сите ние ја славиме големината и значајноста на Дева Марија и нејзиниот пример за богоугоден живот, за потребната човечка скромност, за љубовта кон Бога и ближните и смирение пред Божјата Волја. Тоа се примерите кон кои треба да се придржуваме и тоа се одликите на православието што секој верник го упатуваат кон милоста Божја, се вели во честитката упатена од Димитриев.

Чествувајќи го денешниот празник, во овие динамични времиња полни со предизвици и искушенија, се подвлекува, да се помолиме на Мајката Божја, за здравје, меѓусебна љубов, толеранција, почитување и разбирање во нашите семејства, во нашата земја и во светот.

– Нека Пресвета Богородица го чува нашиот народ и нашата држава и нејзината милост нека го покрие целиот христијански народ! Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица! , стои во честитката упатена од премиерот Димитриев по повод  христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

КОЛУМНА НА ДАРКО ЈАНЕВСКИ: Кај си бе, хомосексуалец?

Darko-JanevskiНема промена во ставот на Агенцијата за медиуми на Зоран Трајчевски за забрана на употреба на зборот педер, што веќе создава проблеми на улица. Среќаваш стар пријател и сега веќе не можеш да му кажеш „Kај си бе, педер“ оти ќе ти се здаде одделението за писменост на Зоран Трајчевски, кое прочитало пет реда од Европскиот суд, туку „Kај си бе, хомосексуалец“, што би можело да го навреди човекот и да помисли дека нешто се сменило во односот кон него. Оти педер изразува блискост. Да му кажеш хомосексуалец на стар пријател, веќе може да е знак на твоја препотентност, плус можеш да добиеш една по носот. Ти ли мене хомосексуалец, педер еден? Така што ако земеме дека Зоран Трајчевски е вмровец (нели ВМРО-ДПМНЕ ги има поклопено сите сегменти на општеството), тогаш ова може да се смести во преродувањето од страна на владејачката партија, кое веќе го заборавивме. Само што, може ли да замолиме да не бидеме толку преродувани?

Инаку, хомосексуализмот во времето на нашиот комунизам беше казниво дело. Интересно, огромен број удбаши, кодоши и комунисти, кои во меѓувреме станаа комуњари, тогаш немале проблем со ова. Сите тие или мноштвото од нив денес се на платен список, на пример, на Американците, чија амбасада се офарба во боите на ЛГБТ-заедницата. А колку и да барате, нема да најдете ничиј труд од страна на оваа плејада платеници во кој би бил искаран ЦK на СKМ за казнивата одредба во тогашниот Kривичен законик. Патем, комунистите не го казнуваа секој хомосексуализам, туку само машкиот, па проф. Владо Kамбовски во својата тогашна книга за Kривичниот закон вели: „Поимот на противприроден блуд е ограничен на коитус пер анум или на педерастија“. Kако би гласела оваа реченица во денешниот новоговор?

ВМРО-ДПМНЕ лани се потпиша за специјалното обвинителство. Потоа и го гласаше законот за специјалното обвинителство. Па го притискаше Советот на обвинителите да постапи надвор од Уставот (заедно со целата братија од СДСМ и странство). Па го притискаше и Уставниот суд да постапи надвор од Уставот. Сега, речиси секој ден, ВМРО-ДПМНЕ пушта по некоја плачка за работата на СЈО. Не дека не е во право, ама во иднина да внимавате малку кога потпишувате? И кога потоа ваши функционери се курчат наоколу за тоа каква брилијантна операција извеле?

Инаку, Kатица Јанева бара да ~и се продолжи рокот за истраги. Малку ~ биле 18 месеци. Се разбира, со оглед на тоа каква тезга ~ се намести, веројатно би сакала уште десет пати по 18 месеци. Не е јасно само што толку има да истражува бидејќи, ако не се лажеме, нас ни беше кажано, и од дома и од надвор, дека во снимките има готови криминали. Дека с` било на виделина. Дека с` било докажано. Има потреба да ги цитираме сите изјави во врска со ова од СДСМ и од амбасадорите? А сега одеднаш – требало уште време. За што?

Но, за да биде с` како што треба, како ќе минува времето, така нека се зголемуваат и оние четири милиони евра што годишно Kатица Јанева ги има. Оти, да бидеме сериозни, што може човек да направи со четири милиони? Посебно ако до вчера си барал субвенции за ниви со смокви.

Патем, во САД полицајци убиле некој возач што не ги послушал. Не застанал со возилото, а кога на крајот тоа конечно го направил, не ги послушал полициските наредби, па овие извеле погрешен заклучок дека е опасен за нив. После се покажало дека човекот бил глув, па не ни можел да послуша. Kога се нашите политичари во прашање, вакво нешто, му благодариме на Бога, не може да им се случи. Тие, еве веќе две години ќе се сторат, знаат добро да слушаат. Што ќе им се каже. Со зборувањето можеби им оди малку потешко, но речиси секој од нив знае неколку збора кои му се доволни. На пример, тие дека НАТО и ЕУ немаат алтернатива. Други зборови не им ни требаат. Така што, од овој аспект, можеме да бидеме мирни.

Србите го добија својот конечен извештај за изборите. ОБСЕ им наоѓа стотици мани, а движењето „Доста беше“ на Саша Радуловиќ (ова е исто како она нашето „Доста е“ од 2001?) навело некои од нив: злоупотреба на државните функции, притисок врз гласачите, посебно на тие вработени во јавниот сектор, купување гласови со разни облици на социјална помош, тајноста на Избирачкиот список, нерегуларно чување на вреќите со гласачките ливчиња, при што некои од нив биле чувани и во домовите на претседателите на избирачките одбори од партијата на Вучиќ, пристрасност на медиумите итн. Kако при сето ова Вучиќ нема проблем со кредибилноста кај странците? Нешто ви е чудно?

Од друга страна, кога ќе ги разгледате сите овие забелешки, а ако го покриете или избришете името на државата, тогаш навистина нема да ви биде јасно на кого се однесуваат. На Австрија за претседателските избори, на Велика Британија за референдумот за излегување од ЕУ и референдумот за независност на Шкотска, на партиските избори во САД или на некоја балканска земја. Нормално, техниката на крадење се прилагодува од земја во земја, нели секогаш треба да се имаат предвид локалниот контекст и традицијата како вредности, кои Европа се труди да ги зачува, но што би рекол Балашевиќ, принципот е ист, с` друго се нијанси“. Така што на крајот останува да бидете збунети од аршините на ОБСЕ. Имено, ако се појде од ова, целиот Балкан навистина одамна ги исполнил западните критериуми кога станува збор за изборите. Освен оној критериум што го споменува Доналд Трамп, а кој специјално ќе постави контролори во Филаделфија за да спречи некој да гласа пет пати. Тој критериум ние го исполнивме, го надминавме и го напуштивме по изборите во 1994 година (со исклучок на режијата на ДПА при вториот круг претседателски избори во 1999 година поздравени специјално од Медлин Олбрајт и гласањето за Бранко Црвенковски во 2004 година во режија на ДУИ). Така што веројатно во оваа смисла треба да се толкува и барањето на странците за кредибилни избори кај нас, што подразбира на нив треба да се краде, а не обратно. Инаку, пак ќе имаме криза.

Дарко ЈАНЕВСКИ

СЕ ЈАВИ И НАСЛЕДНИЧКАТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Фросина Ременски застана во одбрана на Заев, Балистите, УЧК, Џемо Хаса, Адем Јашари и Илирида!

По срамниот потег со бодрењето на Џемо Хаса, УЧК и Адем Јашари, започна слободниот пад на Зоран Заев во дупката во која тој паѓа веќе две години. Трагедијата е во тоа што за тој да се извади, односно во обидот да се оправда се обидува со себе да ги повлече и сите негови соработници и партијата во која шефува

Frosina-Remenski-Goce-Delcev

Откако во текот на вчерашниот ден во штабот на СДСМ на Бихаќка настанала општа паника поради сознанието дека е направена катастрофална грешка со појавувањето на стадион на кој се истакнуваат знамиња на УЧК, Голема Албанија, Џемо Хаса и Адем Јашари, веднаш биле повикани ПР „експертите“ односно сеачите на магла од Белград кои со своите „експертизи“ треба да се обидат да го извлечат Заев од калта.

Обидот беше смешен, со снимка на која Заев вели дека тој навивал за Македонски тимови, ама другите не навивале, затоа тој бил поразличен од другите, неразбирајќи дека не се работи за кој тим навиваш туку се работи за соучесништво во погазување на Македонија и бодрење на терористи кои во налетот на големоалбанските амбиции кукавички убиваа Македонски синови.

Смешната снимка очигледно не беше доволна, па ги спрегнаа и соросоидите и шарените фрлачи на кондоми со боја, кои успеаа повеќе да ја замрсат работата, отколку да му помогнат на Заев. Откако и ова не им успеа, се јави и Фросина Ременски.
remenski_skendija
Се јави поранешната потпретсдателка на Светскиот Македонски Конгрес, која се колнела во идеологијата на Македонските револуционери и застана во одбрана на балистот Џемо Хаса, Адем Јашари, Илирида и УЧК. Срамота.

Го поддржа Заев во сојузништвото со балистите кои го палеа Македонското знаме во Кичево под мотото „Good Bye Ventilatori, Welcome albanian eagle“ (Пријатно Вентилатор, добредојде албански орел). Срамно за Ременски, и мизерна тактика на Заев кој ги повлекува другите на дното за тој да се спаси.

СЕ ВРАТИЈА ОД ОДМОР И ПОЧНАА СО ЛАГИ: Кои се апетитите и ингеренциите на големите играчи?

Одредени таканаречени медиуми, вчера уште веднаш откако одморија на плажите во соседството, повторно продолжија со полна пареа со објава на уште еден стокмен текст од страна на одредени аналитичари или таканаречени “експерти и загрижени страни” во случајот БПХЛ – Макпетрол.

Atanas-Kirovski-firmi

Следејќи го целиот случај, чувствуваме одговорност да го искажеме нашето мислење. Се прашуваме зошто македонските институции треба да ја имаат клучната одлука односно одлучувачката улога во врска со едно вакво бизнис прашање кое што ќе доведе до дозвола само ако заинтересираната страна за преземање, БПХЛ, ги исполни бараните услови и ги достави бараните документи до комисијата.

Зошто упорно Макпетрол се обидува да ги прикрие прашањата кои секој ден тропаат на негова адреса со поставување на други прашања до институциите?

Истотака се прашуваме, како може компанија која што вели дека е во одлична форма, и вели дека е добра во бизнисот во кој што функционира, веќе 2 месеци неможе да сфати или пак да признае дека компанијата која што е наменски отворена во Велика Британија за преземањето на Макпетрол, со влог од 1.000 евра, обезбеди банкарска гаранција од УБС Швајцарија, па и покрај тоа Макпетрол сè уште неможе да се помири дека бизнисмените Каплан и Смузиков се милијардери кои се наоѓаат на познатата листа на Форбс.

Јосифовски, според своето досегашно долгогодишно бизнис искуство, посебно во полето на нафтената индустрија и законската регулатива околу истото, би требало заедно со својот менаџмент во Макпетрол да се многу добро запознаети со законските норми и бизнис практики во оваа индустрија, но изгледа дека тие можеби свесно се одлучуваат да ги заборават во одредени ситуации.

Во бизнис круговите во Македонската бизнис заедница, Јосифовски е познат како голем гурман и апетитлија, посебно како голем љубител на кајмак, кој го собира не само од своето топло гнездо во Макпетрол, туку и од многу други фирми и бизнис ентитети. Според тоа, би било сосема разбирлива неговата реакција и онаа на неговиот менаџмент во Макпетрол доколку некој се меша во неговите лични апетити. Зошто би се објавувало дека инвеститорите кои сакаат да го преземат Макпетрол земале нешто, кога за да ја земат црешата со шлагот, Андреја прво треба да ја врати тортата назад.

Дополнително, аналитичарите и експертите кои се занимаваат со случајот, би било убаво, правилно и професионално, да се потрудат и да ја анализираат формулата за успешност на Макпетрол во последните неколку месеци, откако дознаа дека се појавија милијардери кои сакаат да ја преземат оваа компанија. Според нас, ова е интересен случај за анализирање.

Во врска со записите и објавите во македонската јавност, дека капиталот на најголемата нафтена компанија во државата, наместо да остане во земјата, по преземањето би се одлевало во непознат правец односно содржината на наведените фиктивни сценарија кои велат дека БПХЛ и нејзините инвеститори, ќе го зграпчат и ќе го иселат капиталот вон гранците на Македонија, се доволен доказ да ни се разјасни дека Јосифовски всушност пробува да исценира приказна со наметнување на повторување на историјата. Прелевање на капитал не е искуство со кое секој би можел да се пофали во денешно време. Само најискусните и најлукавите ја имаат оваа “среќа”.

Но за жал, забелешките од адресата на ТВ Телма и Макпетрол константно се вперени и насочени кон големите експерти и, кои зад себе можат да се пофалат само со успеси, со заедничко тимско работење, преземања на компании и подобрување на истите, и квалитетно работно искуство во нафтената индустрија во компании како големите гиганти како што е на пример ТНТ-БП.

Дополнително, упорно се удира во празно и тие константно ја споменуваат ситуацијата и историјата на рафинеријата РАФО од Романија, но се прашуваме зошто не се јават кај бизнисменот Ури Бидер и директно не го прашаат за вистината како што ние го направивме тоа. Вистината е дека овој бизнисмен, во Македонија е вработен во АЛОВ АД. По неговото влегување во АЛОВ, оваа компанија е во пораст, со зголемен број на вработени и подобрено оперативно работење, со придобивање на нови успеси и креирање на нови успешни зделки со нови клиенти и подобрување на односите со постоечките. Но интересно е што во никој случај, и покрај пишувањата на одредени медиуми во јавноста, Бидер нема никаква врска со БПХЛ.

Од почетокот на целиот случај, експертите се едногласни за влијанието на влегувањето на странски капитал врз домашното стопанство, но одредени информации кои се произнесени во јавноста за Европската Енергетска Заедница и надлежноста на истата и поврзаноста со случајот БПХЛ – Макпетрол, е само обид да се манипулира јавноста, бидејќи истата оваа спомната институција законски нема никакви ингеренции во насоката во која што е спомната.
Енергетската заедница е меѓународна организација која се занимава со енергетска политика. Организацијата е основана со меѓународен договор во октомври 2005 година во Атина, Грција, a договорот стапи на сила во јули 2006 година и истиот ги среќава од една страна Европската унија и од друга страна земјите од регионот на Југоисточна Европа и Црно Море. Главната цел на организацијата е да се прошири внатрешниот енергетски пазар на ЕУ во земјите од Југоисточна Европа и пошироко, врз основа на правно обврзувачки рамка. Нивните цели се:
• Привлекување на инвестиции во производството и мрежите со цел да се обезбедо стабилно и непрекинато снабдување со енергија која е од суштинско значење за економскиот развој и социјалната стабилност;
• Да се ​​создаде интегриран енергетски пазар ќе овозможи прекугранична трговија со енергија и интеграција со пазарот на ЕУ;
• Подобрување на сигурноста во снабдувањето;
• Подобрување на состојбата на животната средина во однос на снабдувањето со енергија во регионот; и
• Подобрување на конкуренцијата на регионално ниво и придобивките во економиите.
Мисијата на Енергетската заедница е да се прошири внатрешниот енергетски пазар на ЕУ на земјите од Југоисточна Европа и пошироко врз основа на правно обврзувачки рамка. Главниот инструмент за постигнување на оваа цел е усвојување на законодавството на ЕУ, т.н. “acquis communautaire”, во енергија и сродни области. До денес, околу 25 закони се вградени во законската рамка за енергетска заедница, која опфаќа гас, електрична енергија, сигурноста на снабдувањето, обновливите извори на енергија, нафта, енергетска ефикасност, животна средина, конкуренција и статистика. На Енергетската заедница, исто така, може да се преземат мерки за да се создаде единствен енергетски пазар.
Повеќе за ова може да се дознае на следниот линк:
https://www.energy-community.org/portal/page/portal/ENC_HOME/MEMBERS

Смешни се намерите за провокација на Владата и институциите, кои не ги засега ова бизнис прашање, а јасен е притисокот кој што веќе два месеци Макпетрол се обидува индиректно да го испрати до адресата на институциите кои што професионално и темелно пристапија на проверка на документацијата и целата процедура за преземањето.

Само за потсетување, инвеститорот БПХЛ на 9 јуни и официјално ја објави намерата за преземање на Макпетрол и оттогаш тече постапката за преземање, а во моментот се очекува официјален одговор од Комисијата од Хартии од Вредност.

НАЈДОБРИОТ ПОЈАДОК ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА КИЛОГРАМИ

Дали постои некоја намирница или чпудотворна состојка која предизвикува слабеење доколку се консумира наутро?

На ова прашање постои само еден одговор: протеин

pojadok-605x330

Голем број на научни истражувања укажуваат на фактот дека високопротеински појадок како јајца, сланина го надминува појадокот со високасодржина јаглехидрати како житарките.
Ефектот на протеинот предизвикува чувство на ситост во текот на целиот ден , а притоа не го намалува нивото на енергија во телото.

Во своите последни истражувања, American Journal of Clinical Nutrition дошол до сознание дека луѓето кои консумираат високопротеински појадок консумирале помалку масти и шеќер за време на вечерта за разлика од лицата кои својот ден го започнале со оброк кој не бил протеински.

Каков појадок ви препорачуваме?
Направете кајгана со 1 јајце, 2 лажици јогурт и додадете неколку ситно исецкани свежи печурки и чери домати. На страна грилувајте авокадо и подготвени сте за нови предизвици сити и полни.масло

Веруваме дека ваквиот појадок ќе направи да се чувствувате поенергични и помалку летаргични како што е во случајот со консумирање на јаглехидрати.

ПИЈТЕ ВОДА СО ЛИМОН: Еве за што е корисна

Еден лимон содржи 64% од дневните потреби за витамин Ц, а воедно содржи фитохемикалии како полифеноли.  Многу експерти советуваат дека денот треба да се отпочне сочаша вода со лимон. За да ја подготвите оваа комбинација зовријте малку вода, оставете ја да се излади и додадете малку осцеден сок од лимон (свежо исцеден во цедалка) .

how-to-make-alkaline-water-2a-421x330

Дали е подобро да се пие топла или ладна?
Чаша топла вода со лимон наутро на вашето тело ќе му обезбеди есенцијални нутреинети кои ќе го подобрат целокупното здравје. Сокот о длимон содржи витамини како B и C, антиоксиданси, фосфор, протеин, масла, флаваноиди, јаглехидрати и калиум. Сокот има моќни антибактериски способности кои ќе го зајакнат вашиот имин систем и ќе миу помогнат да се бори со инфекциите и болестите.

Чаша ладна вода со лимон наутро помага при подобрување на дигестијата, ќе ви го олесни гладот и ќе стимулира слабеење креирајќи алкална средина во вашето тело ефективно регулирајќи ја ph вредноста и намалувајќи ја киселоста.

Кои проблеми ги решава пиењето на вода со лимон:

  1. Лекува акни

Водата со лимон ја редуцира киселоста во телото и превенира појава на мозолчиња. Измијте го своето лице со вода со малку лимо за да спечите појава но и да ги елиминирате акните кои се појавиле на вашето лице со цел да ја подобрите состојбата на вашата кожа.

  1. Го ‘’убива’’ апетитот

Водата со лимон го супресира апетитот поради богатата содржина со витамини и ензими кои го  регулираат нивото на шеќер во крвта и помага при одржување на тежината. Исто така содржи и пектини кои го подобруваат варењето и ја подобруваат работата на дигестивниот систем.

  1. Ги чисти камењата од бубрезите

Лимонот е богат со калиум, и може да помогне при зголемување на нивоата на цитрична киселина во урината и да превенира формација на камења.

  1. Да го зајакне имуниот систем

Лимоните се одлична  поддршка за лимфниот систем кој помага имуниот систем да ги елиминира патогените.

  1. Болка во мочниот меур

Испијте чаша вода со лимон со вашиот ручек и елиминирајте ги камењата во мочниот меур и редуцирајте ја болката која ја предизвикуваат.

  1. Лек за настинка

Лимонот е природен антиоксиданс богат со витамин Ц, поради таа цел може да се бори со настинките и вирустите и притоа да го заштити имуниот систем. Во зима практикувајте во својот чај да ставате мед и лимон.

  1. GERD- гастроинтестинален рефлукс
  1. Ги зацврстува ноктите

дали често ви се појавуваат бели точки на вашите нокти? Водата со минон помага при нивното остранување и притоа делува зацврстувачки на ноктите поради количината на витамин Ц.

  1. Се бори против токсините

За време на патување во друга држава практикувајте вода со лимон затоа што најбрзо ќе ги исчистите токсините кои инаку доведуваат до појава на вируси и труење.

  1. Фибромиалгија

Јога и вода со лимон често помагаат при ослободување од уморот предизвикан од фибромиалгија.

  1. Редуцира воспалување

Витаминот Ц е одличен анти-инфламатор и делува антивоспалително на цеелото тело. Затоа по вежбање или потешка физичка активност пијте вода со лимон.

  1. Ги ослободува мускулите 
  1. Редуцира потекување и болка во зглобовите

Водата со лимон ја намалува уричната киселина во зглобовите ефективно спречувајќи потекување и болка

  1. Редуцирање на потребата за алкохол
  1. Колитис

Колитис е состојба која се појавува поради недоволниот баланс на кисело/базна средина во телото, оваа состојба може да се среди доколку се пие редовно балансот на ПХ нивоата и да ја редуцираат киселоста на крвта.

ХРАНЛИВА БОМБА: Матичен млеч

Исклучително го зајакнува имунитетот, поволно делува на бронхијалната астма, болести на џигерот, зараснување на фрактурите на коските и на кожните заболувања.    

matcen mlec infomaks

Матичниот млеч содржи витамини од Б група, посебно висока концентрација на витамини Б5 и Б6, витамини А, Ц, Д и Е, различни минерали, ензими, 18 видови на аминокиселини и многу корисни материи кои го спречуваат развојот и размножувањето на бактерии и вируси.   

Матичниот млеч е извонредно хранлив, богат е со различни витамини, белковини и аминокиселини. Идеален е како додаток во исхраната. Матичниот млеч го произведуваат пчелите издвојувајќи ги вредните состојки од нивните жлезди кои се наменети за исхрана на матицата. Ова концентрирана хранлива материја му овозможува на матицата да живее подолго од 5 години, а животниот век на пчелите е само 2 до 4 месеци. Благодарение на ова концентрирана храна во време на положување на јајцата, матицата е во состојба да положи (и тоа само за 24 часа) помеѓу 2000 и 3000 јајца. При тоа треба да се истакне дека вкупната тежина на јајцата е еднаква на телесната тежина на матицата.

Матичниот млеч содржи витамини од Б групата, посебно висока концентрација на витаминот Б5 (пантотенска киселина) и витаминот Б6. Единствен е природен извор на ацетилколин во чист облик, состојка која е одговорна за пренесување на нервните пораки, развој на мозокот и помнењето. Во неа се наоѓаат различни минерали, витамини А, Ц, Д и Е, ензими, 18 видови на аминокиселини, како и други материи кои го спречуваат развојот и размножувањето на бактериите и вирусите. Најзначајна аминокиселина која се наоѓа во матичниот млеч е желатин која влегува во состав на колаген, материја која е сведок на стареењето на организмот. Сите состојки во млечот се наоѓаат во таква мерка и количество да сочинуваат драгоцен биостимулатор на организмот. Матичниот млеч изразено го зајакнуваат имунитетот, поволно делува на бронхијалната астма, заболувања на џигерот, зараснување на фрактурите на коските и кожните заболувања.

Илјада годишно искуство

Матичниот млеч не е ни лек, ниту лековито средство. Со него не се заменува и не се прекинува терапијата кај болните луѓе. Треба да се користи како превентива, како не би заболеле.

Во најстарите пишани споменици кои настанаа пред 3000-5000 години се спомнува големата улога на матичниот млеч и неговите биолошки и нутритивни вредности. Илјада годишно искуство во употребата на млечот потврдува дека е тој супстанца на граница помеѓу храна и лек. Тоа утврдиле старогрчките доктори.

Лековити својства   

Со многубројни лабораториски и клинички испитувања докажано е, а и потврдено е на научните собири во целиот свет, дека матичниот млеч делотворно и лековито делува на човековиот организам. Истражувањата покажаа дека матичниот млеч успешно делува кај крвниот систем, желудникот, цревниот тракт, кај бронхитис, туберкулоза и бруцелоза, воспаление на зглобовите итн. Исто така матичниот млеч е своевиден регулатор на крвниот притисок.

Успешно се препорачува и во намалувањето на килограмите затоа што нормализира разменување на материите и го поттикнува мокрењето. Ја зголемува отпорноста на организмот од инфекции, стимулира создавање на крвните зрнца, ја регулира функцијата на жлездите со внатрешно лачење. Помага кај артериосклероза и воспаление на крвните жили на срцето.

Докажано е дека матичниот млеч предизвикува чувство на задоволство, прилив на енергија, отстранува малаксалост и го подобрува апетитот. Се зголемува имунолошкото реагирање на организмот и се поттикнува заштитната функција на фагоцитите. Бидејќи активните компоненти на матичниот млеч припаѓаат во категорија на хормони и се припишува лековито својство во лекувањето на невро психози затоа што има биолошко влијание на функцијата на надубрежната жлезди. Матичниот млеч го поттикнува растот на новороденчето и им помагаат на жените во бременоста и во климаксот.

Бидејќи технологијата за добивање на матичната млеч е комплицирана, оправдана е неговата висока цена. Па токму поради тоа на пазарот се појавува фалсификуван матичен млеч, па затоа е потребно прецизно контролирање на квалитетот и чистината на матичниот млеч. Затоа стручњаците за исхрана посебно апелираат да се обрни внимание на тоа при пазарењето на пчелините производи. Важно е да се купува кај проверените производители кои квалитетот на нивните производи го докажале со долгогодишна традиција.

Внимание во случај на поленска алергија

Овој природен додаток во исхраната можат да го користат сите, независно од полот и возраста, но потребно е внимание! Со оглед на тоа дека матичниот млеч настанува со мешање на цветниот прав, мед и секретот од жлездите на пчелите, личностите кои патат од поленска алергија би требало внимателно да го користат. Доколку се забележат било какви промени кои упатуваат на алергија, веднаш треба де се престане со консумирањето на препаратот. Поради комплексноста на лекувањето на хроничните заболувања се препорачува употребата на матичниот млеч со медот, прополис и полен. Матичниот млеч на пазарот најчесто се наоѓа во вид на капсули или капки, во медот и во комбинација со прополис и полен.

Здравствените влијанија на матичниот млеч  

• ги подмладува клетките, надоместувајќи ги материите кои им недостигаат.
• го зголемуваат тонусот и отпорноста на кожата
• ја смирува вознемиреноста и лошото расположение
• забрзува зараснување на коските
• со анаболичко влијание доведува до развивањето на ткивото
• забрзува зацелување на раните, воспалени чиреви, ја намалува болката
• го зголемува бројот на црвените крвни зрнца и имунолошките клетки
• може да има извесно антиканцерогено влијание
• делува хепатопротективно

СТРАВИЧЕН СУДИР: Тела летаа по патот при судир на Лада и камион!

Несреќата се случила во рускиот град Гатчин, кога автомобил “лада” при претекнување директно се судрил со камион. При судирот “ладата” буквално се распаднала, а телата на тројцата патници летале во воздухот десетина метри. Возачот загинал на самото место, а останатите двајца патници се здобиле со тешки повреди и се во критична состојба.

ЦЕЛАТА РУСКА АРМИЈА НА НОЗЕ: Погледнете го ова моќно видео од кревањето на најголемата армија на светот!

Пред неколку дена Рускиот преседател и врховен командант на Руската Армија нареди итно кревање и инспекција на целокупните безбедносни сили од сите окрузи на Руската армија, а ова е снимка од тоа како изгледаше

Ruski_specijalci
Инспекцијата ќе обезбеди проценка за тоа како трите воени дистрикти би реагирале за време на криза на Рускиот југоисток.

Брзите и неочекувани проверки на борбената готовност на Руската армија ќе траат од 25 до 31 август во Рускиот Западен, Јужен и Централен воен дистрикт, како и Северната флота, Водупните сили изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.

Еве како изгледаше кревањето на најголемата армија на светот!