дома блог страница 15201

АХ ТАА ЕВРОПА КОН КОЈА ТОЛКУ СЕ СТРЕМИМЕ: Модерна сегрегација, расизам и тоталитаризам – со пушки се соблекуваат муслиманките!

Заврши и денешната средба помеѓу владата и дипломатско-конзуларните претставништва на Р.Македонија, и крајниот заклучок беше дека врвен дипломатски приоритет останува НАТО и ЕУ, како единствена безалтернативна опција од која ако некој во државава одлучи да размислува поинаку веднаш ќе биде ставен на листата на отстрел на соросоидните медиуми и платениците на разните фашизоидни фондови на Европските амбасади, ОБСЕ и Канцеларијата на ЕУ. Секако, секој што ќе се осмели да понуди подобра алтернатива, опција која не предизвикува уцени и закани по безбедноста на државата, тогаш може и да очекува дека ќе биде растргант  и од пит-булите на Бејли во ликот на СЈО

 francuska_policija_soblakanje

Големата „демократска“ ЕУ, која од 2001 па наваму ни држи предавања за соживот и со тоа вршејќи замена на тези од „живот“ во една заедница во наметна соживот на две спротивставени заедници, сеуште се владее од дивјачките пориви кои беа актуелни пред речиси 300 години кога Европјаните ја населуваа Америка.

Тогаш, се сечеше скалпот на Индијанците, а откако беа уништени, владееа робовладетелите кои отвараа зоолошки градини со црнци прикажувајќи ги како експонати, како животни, за подоцна тоа да прерасне во најголемата сегрегација и подем на расизмот, кој до ден денес е актуелен во САД.

Целата несреќа е во фактот што САД е можеби и мала приказна во целината „демократски“ држави од ЕУ, кон кои толку се стремиме. Да не заборавиме дека преку 10 милиони африканци се убиени од Белгискиот владетел (владетелот на Европската претстолнина) Леополд. Но, врвниот наш приоритет останува ЕУ, со своите демократски приниципи на расизам, нетолеранција, поттикнување на тероризмот, наметнување на бирократија која ќе решава за обичниот човек кој својот леб го вади од нива на 8.000 километри од седиштето во Брисел.

Секако, Русија е „лошата“ страна, недемократска, имепријалистичка која бесрамно ја шири територијата до базите на „демократската“ и „анти-империјалистичка“ квази-фашистичка организација НАТО на чие чело стои САД, со своите „мировни“ мисии, во кои Македонија е директен учесник.

Во минатото, и оние Украинци од западна Украина, Полска, Хрватска, Бугарија сметале дека сојуз со Хитлер е добар, прогресивен и чекор кој ја поттикнува „демократијата“, а денес ни криви ни должни се клекнати пред судот на народот од сите нации на светот.

Еден ден, и на нас Македонците ќе ни се суди поради активното учество во разурнувањето на Авганистан, Ирак, Либија. Поради уништувањето на стотици илјади животи, семејства, детски сништа, само затоа што ние треба да докажеме дека „за Македонија врвен приоритет е НАТО и ЕУ“, инаку тешко нас!

Како илустрација на оваа врвна определба на Македонија е и последната пракса која се шири во Европа, а тоа е „демократското“ соблекување на муслиманките кои носат традиционална облека „хиџаб“. Под закана од оружје, Француската полиција ги соблекува жените, спротивно на нивната вера, на сред плажа. Демократски, нели?

КОЛУМНА НА АЦО СТАНКОВСКИ: Магиски осврт!

Aco-StankovskiЗа разлика од размрсулавените и хистерични шарени псевдореволуционери, кои својата вера одамнаја продадоа за вечера, па единствената визија што ја имаат за утрешнината е нивната полна чинија, секако, во метафорички контекст, постојат и поинакви „уметници“, што навистина знаат со боите и нивните шаренила не се никакви шлапаници, што прилично верно ги одразуваат внатрешните пориви на шарените деликвенти, преполни со манијакални интенции, со пориви да се силува, да се мачи другиот, да се доминира преку болката и насилството, да се зграпчи моќта на шашма, со блеф, со трик, а, потоа, да се краде и лудува и да се казнува со сите средства, неподносливо да се наметнува сопствената слепа и безидејна волја, да се уништува и да се ужива во таа способност, во сопствената бесчувствителност, во својата опака душевна болест, значи, постојат и други луѓе, на кои сето ова им е одвратно и неприфатливо, луѓе, на кои ова поведение на Шарениве ги констернира и кои ќе ги искористат сите морални и легални средства за да го запрат одот кон власта на овие општествени штетници.

Токму магиската сила на постоењето е верата на визионерите и на оние, кои не отстапуваат од етичките кодекси на сопствениот народ и култура. Уверен сум, дека правдата и вистината се универзални и дека без нив ниедна усилба не би можела да биде оправдана, а уште помалку овенчана со убавината на стварноста. Со идеалитетот на битието.

Секој добар херметист знае да ги претовори зборовите на другиот во психоанализа, во суптилно референто четиво, што ќе го легитимира неговиот идентитет на најтемелно ниво. Ваквата дарба произлегува од добрие стратегии, секогаш сообразени со вистината и со доблестите, од сочувствителноста и, најмногу, од верата во совршеното, во Духот.

Но, сето тоа денес делува тривијално и непотребно. Можеби недостаток од чувство за актуелност, за современоста, за нивните помодарски шеми, го создава ова потценување и негација од страна на залудените шарени материјалисти?!?

Ете, така, шаманот добива статус на клошар и талка наоколу, изгубен помеѓу гигантските бетонски гулабарници, што со својата сурова материјалност пенетрираат во суптилните и разлеани облаци на небото на слободата.

Но, не за долго, првиот лик што ќе излезе на сцената ќе го евоцира страшното дивјаштво низ кое сме еволуирале со мака и болка, водени од Духот Божји.

Сите тие искуства, стари колку и постоењето, се складирани во секое живо суштество, вклучувајќи ги и минералите.

Кога сонуваме, стануваме свесни за сето ова богатство од искуства. Патувањето низ реалноста е наша судбина. Да гледаме и мислиме, да создаваме визии, кои најдобро се преточуваат во уметничкото творештво. Тоа е благословот на нашето постоење.

Во поширок општествен контекст, овие енергии ја губат својата автентичност, уметноста станува политика, а политиката, уметност на возможното.

„Да бидеме реални и да го бараме невозможното“. Но сето тоа лудило и ентузијазам мора да се преточат низ цедилката на моралот. Инаку, сето тоа би било ушто едно залудно трошење енергија и време.

Како шаренкиве јадници, кои како канаринци во своите кибер-кафези чвркорат со безброј сурови препораки, но и напади врз секого, кој не ги споделува нивните вулгарни идеи, всушност, само порив бестијален, но нашминкан и униформиран во манирот на пропагандниот општествен активизам од минатото, од времињата, кога нивните комесари во младоста играле игри на амкање, подгреана болшевистичка сарма, кога целата какофонија на шеесетосмашките револуционери влезе во академските лавиринти и таму зацари, а потоа истите тие бунтовници против конформизмот и тоталитаризмот, се препорачаа себеси на повисоки нивоа („Козарачко“ со Тито), па почнаа да еволураат во милионери, во мали смешни маалски Сталини, во грозни и ненаситни чудовишта, во гротески на парадоксалната судбина, исткаена од мноштвото нивни лаги, собрани на куп во една гигантска лага на револуцијата.

Наместо да лаат преку своите кретенски социјални мрежи, нека фатат лопата и нека чистат кал. Но, тие не биле тука, во Скопје, тие биле во Грција, на Халкидики. Ете, Шарените одморале, иако, како што велат самите, никогаш не одморале.

Се извинувам, но нешто слично гледавме и во 2001-та, кога требаше да се брани татковината од инвазијата на соседната ни држава, во чиј епицентар се наоѓа американската воена база „Бондстил“.

Глупо е да им се држи лекција на овие нискоинтелигенти инкарнации. Олеснителна околност им е, што целиот свет е инфициран од стравотно зло. Како во овој крајно неизбалансиран свет на контрасти и неправди да дојдете до некоја возвишена состојба на свест, која би била ослободена од сите тие ѕверски пориви и агресивни влијанија?

Треба да се изолирате, да побегнете од квартовите на Шарените, од нивната хистерија, од нивните крвожедни напади, осиромашени од било каква интелигенција и доблести, а преполна со варварска бессловесност. Треба што побзо да исчезнете од нивниот хоризонт, посебно ако сте веќе стигматизирани од нив како непријател на нивната лигава револуција.

Нивната примитивна ритуалност, преполна со клевети и клетви, со кобење и злоба, повикува лоша среќа. Во целата нивна креативна немоќ, тие влегуваат во агресивен транс и емитираат лошотилак.

Но, ако мислат, дека сите овие зли енергии нема да им се вратат, грдно се лажат. Тие ќе дојдат нечујно и неочекувано, како крадец во ноќта.

Пишува: Ацо Станковски

iNFOMAX.mk И АРМ ВО ХУМАНА АКЦИЈА: Сведоштво на баба Лепа од Сингелиќ која благодарение на iNFOMAX.mk и АРМ доби хуманитарна помош!

Екипата на iNFOMAX.mk секојдневно присуствуваше на местата погодени од невремето на 6 Август и информирајќи ја јавноста за хуманите активности на Волонтерите, Војската, Полицијата, Црвениот Крст, Политичарите и сите оние чесни и хумани луѓе кои не гледаа сеир туку помагаа и се саможртвуваа, во селото Синѓелиќ сосема случајно налета на Баба Лепа, една од ретките Македонки кои живеат во тоа село и која „случајно“ била одмината од сите хуманитарни организации кои носеле и распределувале хуманитарна помош за поплавените во тој дел

babaLEPA
Во краток разговор со репортерот на INFOMAX.mk Борислав Стоилковиќ, Баба Лепа му кажа дека никој не ја посетил и никој не и дал никаква хуманитарна помош, единствено што ја извадиле првите комшии Албанци за да не се удави друга помош немала.

По ваквиот муабет се обративме веднаш во координативниот центар во Стајковци кај одговорните луѓе од АРМ и како и секогаш ВОЈСКАТА за неполни 15 минути организираше комплетна хуманитарна пратка за Баба Лепа и ангажираше возила и војници кои веднаш се упатија во домот на Баба Лепа и ја доставија помошта во Храна, Вода, Млеко, Конзерви, Ќебиња, Душеци и веднаш направија стратегија како да и помогнат околу расчистувањето на куќата и дворот од наносите во поплавата.
АРМ повторно покажа дека е единствената институција која искрено, со сиот капацитет се грижи за секој поединец во Република Македонија.
Хуманитарна помош на Баба Лепа и достави и Правосланата црква Св. Ѓорѓија од Село Синѓелиќ.