дома блог страница 15200

СПЦ ПОЛЕКА СИ „ЛЕГНУВА НА БРАШНО“: Српскиот Владика Амфилохие го ословува г.г.Стефан како архиепискот Охридски и Македонски!

Српскиот владика Амфилохие, кој е голем противник на македонска црковна автокефалност, го ословил поглаварот на МПЦ г.г. Стефан со неговата полна титула – архиепископ охридски и македонски, во писмо испратено до Синодот на МПЦ, пишува дневниот весник „Дневник“.
dnevnik-slika

Вакво обраќање се случило деновиве во писмото што Црногорско-приморскиот митрополит на СПЦ го испратил до Синодот на Македонската православна црква, во кое бара да му биде отстапено мало парче од моштите на свети Јован Владимир, кои се чуваат во охридската црква „Свети Никола“.
Како што ексклузивно неодамна објави „Религија.мк“ Амфилохие најави дека од македонските владици ќе побара да се согласат да дадат дел од моштите на светителот кој бил зет на царот Самуил за да ја зголеми свеченоста по повод осветувањето на големата црква која ќе му биде посветена во црногорскиот град Бар на 25 септември.
Во писмото, овој српски митрополит замолува да биде дозволено давање мало парче од моштите, кое потоа би било донесено во овој црногорски град каде што свети Јован Владимир посебно се чествува. На ова писмо му претходел и телефонски разговор меѓу Владиката Амфилохије и Митрополитот Тимотеј.

РУСИТЕ ДОАЃААТ: Утре во Македонија слетува рускиот ИЛ-76 полн со специјална опрема, специјалци и хуманитарна помош!

На барање на Владата на Р.Македонија до владата на Руската Федерација, во текот на утрешниот ден на аеродромот „Александар Велики“ ќе слета авион на Руското министерство за вонредни ситуации полн со опрема и неопходна хуманитарна помош со цел справување со последиците од елементарната непогода

rusi_pomos_avion

Пратката која треба утре да стигне во Македонија, е само дел од помошта која Русија ја испраќа во Македонија со цел краткорочно, среднорочно и долгорочно справување со последиците за поплавите.

Од Амбасадата на Руската Федерација пристигна и официјална потврда, која ја пренесуваме во целост.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Ве известуваме дека во врска со молбата на Владата на Република Македонија Владата на Руската Федерација испраќа хуманитарна помош во Република Македонија, наменета за справување со последиците од поплавата која се случи во Скопје и Скопскиот регион на 6-7 август оваа година, а исто така и за засилување на капацитетите на служби за кризно реагирање на Република Македонија.
Хуманитарната помош ќе биде доставена со специјалниот авион на Министерството на Руската Федерација за цивилна одбрана, вонредни состојби и отстранување на последиците од елементарни непогоди на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје на 26 август оваа година во 15:35 часот.
Авион „Ил-76“ ќе достави во Скопје мобилни дизелни и бензиски генератори со моќност од 5 до 120 kW, специјални пумпи и пумпена опрема, ќебиња, конзерви од риба и месо.
Исто така ве информираме дека деновиве специјалистите на руското Министертво учествуваат во доделување хуманитарна помош низ светот, односно, одстранување на последиците на големите поплави во Централната Русија, шумските пожари во Португалија, големите хуманитарни операции за испорака на храна и лекови за цивилното население на југоисточниот дел на Украина и на Сирија. Покрај тоа, Русија изрази подготвеност да испрати специјалисти и хуманитарна помош во Италија во врска со разурнувачкиот земјотрес.[/kopa_block_quote]

Руската Федерација е единствена супер-сила која испрати помош во Македонија со цел справување со последиците од поплавите по едно доставено барање од Македонската влада. Досега ниту САД (стратешки партнери), НАТО ниту ЕУ не се одзваа на повиците за помош.

КОСИ КУБАТ ПО ЕУ И НАТО: Плачат и се мрсулават кога нивните правила се спроведуваат во пракса!

Медиумската грпација МПМ, денес поделила нови договори до вработените во кои се забранува искажување на политички ставови на социјалните мрежи од страна на новинарите вработени во некој од медиумите во сопственост на групацијата

eu_mediumi

 

Оваа одлука на менаџментотна МПМ предизвика мрсулавење во редовите на „професионални“ новинари, кои веднаш анонимно излегоа со коментари во соросидните медиуми жалејќи се дека биле „убиени како новинари“.

Но да видиме што се крие позади ваквата одлука на МПМ.

Имено, овој принцип на работа е во согласност со правилата и прописите на Европската Унија и НАТО, а од нам најблиските соседи оваа пракса веќе е прифатена во Хрватска, и тоа не во приватните туку во државните медиуми. Па така, новинарите вработени во ХТВ и ХРТВ не смеат да искажуваат политички ставови на интерент (социјални мрежи), несмеат да фаворизираат политички страни, и без одлука односно одобрение од компанијата немаат право да работат хонорарно во друг медиум, нешто што во Македонија е пракса.

Од сите овие забрани, највеќе изгледа ги заболе оваа последната, бидејќи речиси и да нема новинар кој не работи хонорарно во некои од интернет медиумите спонзорирани главно од Сорос, за хонорари можеби неколкукратно повисоки од нивните плати.

Или, како што новинарот Миленко Неделковски ќе срочи:

 

 

 

 

МАЛКУ ПОДОЛГА ЛЕКЦИЈА ПО МЕТЕОРОЛОГИЈА И ХИДРОЛОГИЈА: Еве што точно се случи на 6-ти Август!

Во вечерните часови на 6 август, поширокото скопско подрачје беше зафатено од невреме со катастрофални последици, проследено со интензивни врнежи од дожд, олуен ветер, силни грмотевици, атмосферски електрични празнења, и поројни поплави. За жал, ова страшно невреме однесе и човечки животи и предизвика големи материјални штети.

poplaveno-vozilo-nevreme-1-640x408

– Со невремето се соочив и јас, бидејќи истата вечер се враќав од годишен одмор во Скопје. Во делот каде се издвојува патот кон градот Скопје и заобиколницата, буквално наидовме на силниот налет на олујата при што бев оневозможен да управувам со возилото. Во тие ноќни часови и следните денови бев загрижен поради ситуацијата и посебно настраданите и се прашував за каков тип на олуја станува збор, бидејќи досега освен во тропските предели каде вообичаено се јавуваат силни тропски бури за време на монсунсиот период, не сум се соочил со ваков тип на интензивно невреме кај нас, со бурни процеси и екстремно интензивни врнежи, долг животен циклус на олујата, чести молњи и грмежи, ненадејни поплави, човечки загуби и големи материјални штети, вели за МИА др. Владо Спиридонов, нас.вон. професор по метеорологија на Институтот за физика при ПМФ.

Нестабилноста, вели професорот, започнува уште во пладневните часови, во западните планински области на Македонија, како резултат на приближувањетона центар со низок воздушен притисок на висина и циклонска циркулација.

– Во југозападно струење на висина се врши прилив на влажен воздух од јужните делови на Јадран и Јонско Море во западните и северозападните делови на Македонија со што настана дестабилизирање на атмосферата.

Дополнително, термичките карактеристики на атмо­сфе­рата тој ден, интензивното загревање и формирање на езеро на многу топол воздух (термички балон), испарувањето како и специфичната орографска структура на Скопска котлина создадоа допол­нителни поволни услови за развој на силни грмотевични облаци, вели др. Спиридонов.

Според него, поинтензивните процеси се одвиваат во попладневните часови кога се иницираат повеќе конвективни јадра во една линија на нестабилност во северозападните делови на Македонија, која постепено се трансформира во организиран конвективен систем (MCS) во средни размери (кластер), за да во вечерните часови се издвои едно поголемо конвективно јадро кое експлозивно се развива и прераснува во силен суперќелиски облак.

– Со цел да се дојде до подетални сознанија околу генезата, еволуцијата и силината на ова невообичаено невреме кое го зафати Скопското подрачје, подготвена е детална научна анализа. При тоа направенa е нумеричка симулација на олујниот облак со помош три-димензионален модел на облак со цел да се добие пореалистична слика за иницирањето, развојот и дисипацијата на овој несекојдневен атмосферски феномен. Првичните анализи и научни согледувања упатуваат на појава на суперќелиска олуја со присуство на мезоциклон, заклучува др. Спиридонов.

slika1

Мезоциклонот кој се развил над Скопското подрачје претставува силен вртложен систем, со ротирачки вертикални струења на воздухот, формиран внатре во моќниот супер­ќелиски облак како што е прикажано на Сл. 1.

– Во развојниот стадиум на олујниот облак хоризонталната вртложност постепено се наклонува, интензивира и трансформира во вертикална вртложност. Појдовни термо­динамички услови за формирање на ваков олуен облак се: висок термички градиент- нестабилна атмосфера, конвергенција на воздухот во приземје, прилив на влажен воздух на висина, промената на правецот и брзината на ветерот со висина, диференцијалното загревање на областа и др фактори (Сл. 1). Тоа придонесе за интензивирање на одредени динамички ефекти во атмосферата, како што се процесот на конвекција, изразена турбуленција, ефект на потисок и интензивно мешање на надворешниот амбиентален воздух, вели професорот метеорологија.

Тој објаснува дека, мезоциклонот всушност е еден од најразорувачките атмосферски системи од сите можни типови на олуи, и во зависност од тоа каде се формира, создава силни ветрови, интензивни врнежи о

Вертикален (x-z) пресек на радарската рефлексивност во правец SW-NE (горна слика), NW-SE (средна слика), хоризонтален пресек на радарската рефлексивност на висина 2 км во олујниот облак во неговата најинтензивна фаза на развој
Вертикален (x-z) пресек на радарската рефлексивност во правец SW-NE (горна слика), NW-SE (средна слика), хоризонтален пресек на радарската рефлексивност на висина 2 км во олујниот облак во неговата најинтензивна фаза на развој

д дожд и град, развој на слабо-до-силно торнадо, ненадејни поплави, предизвикуваат големи материјални штети, па дури и човечки загуби.

– Во внатрешната област на овие олуи, се формираат неколку парови на ротирачки вертикални струења. Истотака се издвојуваат и региони со нагорни и надолни струења на воздухот и појава на интензивна јонизација која предизвикува генерирање на атмосферски електрицитет и празнења. Оваа динамика внатре во облакот е карактеристична за вакви интензивни олуји, кои имаат силно изразен и одржлив вртложен момент, со што се оневозможува брза дисипација на истите. Оттаму животниот циклус на овој тип олуи трае и до неколку часови што беше пресудно за поплавата, потенцира професорот.

slika2

Внатрешната структура на олујата во својот фаза на бурен развој е прикажана на Сл. 2. Во горниот дел на суперпреладената облачна маса се формираат ледени-снежни кристали, облачен лед и преладени капки водена пара. Во средниот дел на облакот се издвојуваат сегменти со поцврста ледена структура составена од зрна град додека во долниот дел се формираат две зони со појава на интензивни врнежи (области со зелено). Она што е посебно значајно за суперќелиската олуја над Скопје, според него, е интензивната продукција на облачен лед кој во врнежливата зона се трансформира во интензивни врнежи.slika4

– Симулацијата на еволуцијата на радарската рефлексивност чија максимална вредност надминува 70 dBZ, јасно ја одразува силината и интензитетот на олујата и детекција на регион со ограничен радарски одраз на висина кој настанува кога силните вертикални струења во олујниот облак ги суспендираат и спречуваат врнежите да се формираат и паѓаат во оваа област. Локацијата на овој одраз коинцидира со центарот на мезоциклонот (ротирачкото издигнување на воздухот) (Сл. 3), објаснува др. Спиридонов.

Во поглед на врнежите, нумеричката симулација покажува дека за само 60 мин (17:30-18:30 ч.), вкупната акумулирана количина на врнежи изнесува 123 мм (Сл 4). Очигледно е дека областа со интензивни врнежи се јавува во поширока област од околу 50 км2, додека екстремните врнежи се ограничени на помало подрачје со површина од 10-15 км2.slika5-1

– Она што е многу карактеристично е екстремниот интензитет на врнежи во три наврати, во ограничена област во многу краток временски период. (Сл. 5). Просечниот интензитет на врнежи (10мм/5мин) за 1 час симулација, покажува поголема вредност во однос на максималниот интензитет на врнежи (16мм/10мин), регистриран на AMС-“Гази Баба” во 17:50 ч. (извор: УХМР), вели тој. Одовде, сосема реална е проценката дека при налетот на олујниот бран во најпогодената област, интен­зитетот на врнежите навистина бил екстремен. Тоа всушност го покажуваат и резултатите од симулацијата.

Непобитен е фактот, дека ваков екстремен интензитет на врнежи е многу редок и е одлика само за области каде има услови за интензивна тропска конвекција, во присуство на голема топлина и влага во приземниот слој на атмосферата, како што е случај кај тропските циклони и олуи.slika6

Несомнено е дека три-димензионалниот приказ на развојот на облачниот систем над Скопско, дава исклучителна реалистична слика за структурата и интензитетот, како и типот на оваа суперќелиска олуја. Светлосивите појаси на Сл.6 означуваат области со облачен лед и преладена вода, потемно сивата боја покажува региони каде се формираат цврсти ледени зрна град, жолтеникавата боја која се детектира воглавно во горните делови на облакот во карактеристичната наковална, каде има негативни температури означува снежни кристали, и зелената боја ги прикажува зоните со интензивни врнежи.

Во Табела 1 се дадени основните параметри на симулираниот три-димензионален суперќелиски облак на ден 6 Август 2016 год кој јасно упатуваат за каков временски феномен станува збор.

 

Табела 1

Параметар

Вредност

База на суперќелискиот облак1.6 км
Максимална висина15 км
Максимална вертикална брзина28 м/с или 100 км/час
Максимална хоризонтална брзина32 м/с или 115 км/час
Максимална радарска рефлексивност

која ја одразува силината на олујата

74.5 dBZ
Симулирана акумулирана количина на врнежи за 60 мин123 мм
Симулирана вредност на макси­мал­ниот  интензитет на врнежи на олујниот облак

38мм/5мин (просек за три последователни максимуми)

10 мм/5мин  за 1 час симулација

Период на максимален развој20-25 мин

30-35 мин

Зафатена област со екстремен  интензитет на врнежи

Поширока област со интензивни врнежи

10-15 км2

 

50 км2

Хоризонтална димензија на

простирање на олујниот облак

35 км
Правец на движење на врнежливиот

Бран

Југоисток -Северозапад

Првично научно истражување на професорот Спиридонов, потврдува дека станува збор за исклучително моќен супер­ќели­ски облак со присуство на мезоциклон и две издвоени зони со многу интензивни врнежи кои се најинтензивни во период од 20 минути. Вкупната количина на врнежи за само 60 минути изнесува околу 123 мм, додека просечниот 5 мин интензитет на врнежи за 60 мин симулација е 10мм/5мин.

-Прецизната квантитативна прогноза на интензитетот на конвективни врнежи поврзани со вакви снажни олујни системи, е многу комплексна и претставува предизвик на целокупната научната заедница од областа на атмосферското моделирање, потенцира тој.

Според него, една од главните причини за неможноста да се даде сигурна проценка однапред, за оваа категорија на деструктивни олуи е нивното иницирање во атмосферата кое настанува како резултат на одредени термо-динамички ефекти и пертурбација на температурата и влагата во планетарниот граничен слој во одделна географска област.

– За подетално претставување на атмосферските процеси во мезо и локални размери се користат нехидростатички модели со многу фина просторна и временска резолуција во единечна област или со користење на техника на вмрежување. Овие модели имаат предност во однос на оние со погруба резолуција-токму во прогнозата на вакви интензивни конвективни процеси-структурата и еволуцијата на системите како и распределбата на врнежите, но во одделни ситуации го преценуваат или потценуваат релативниот интензитет на истите, објаснува тој.

Овие атмосферски процеси и олуи кои се иницираат, еволуираат и распламтуваат во многу краток временски рок и на мала област, до ден денес се предизвик на научните од целиот свет.

– Несомнено е дека и кај најразвиените земји, нивните служби во рамките на нивната секојдневна оперативна практика, и покрај понапредните технологии, суперкомпјутерски центри, совре­мени технички ресурси и постоење на напредни метео- аларм системи, понекогаш се соочуваат со пропусти во проценката за категоријата и силината на конвективните обаци кои се иницираат и развиваат при нестабилни атмосферски услови со посебен на екстремните временски непогоди со големи деструктивни влијанија. Самата природа на атмосферските процеси е бранова и нелинерана со просторна и временска променливост на процесите (од милиметарски какви се турбулентните, до километарски и од секунди до минути, вели др. Спиридонов.

Истотака, вели тој, конфигурацијата на оперативните системи за нумеричка прогноза ја надминува сегашната граница на компјутерските можности-посебно за земји кои покриваат поголеми географски области.

– Дополнително, во оперативната пракса, покрај податоците од нумеричките модели се користат и други продукти, добиени од далечински мерења (remote sensing control) какви се: современи доплерови радари со двојна поларизација, лидари, содари, сателити или автоматски метеоролошки станици, кои овозможуваат континуирано следење на состојбата на атмосферата, иницирањето и развојот на облаците, нивното движење, динамичките, микрофизичките процеси, врнежите и друго. Оттаму, и потребата за развој на еден сеопфатен комплексен интегриран now-casting систем за многу краткорочна прогноза на времето и рана најава на временски непогоди, за каков се залага и Светската метеоролошка организација, вели професорот.

Во основа научната анализа на професорот упатува на фактот, дека на ден 6 август скопското подрачје било зафатено од силно изразен суперќелиски олуен облак со мезоциклон.

– Ова претставува еден од најразорувачките типови на олујни облаци со појава на ротирачко подигнување на воздухот, интензивен развој на суперќелиски јадра, интензивна продукција на врнежи, силни и чести грмотевици и молњи и подолг животен циклус на олујата.

Максималниот врв на облакот ја пробива тропосферата и се простира до 15 км. Максималната вертикална брзина изнесува околу 100 км/час додека максималната хоризонтална брзина изнесува околу 115 км/ч, потенцира професорот.

Според него, еден од суштинските фактори според научните сознанија, а кои биле клучни за ненадејната поплава е екстремниот интензитет на врнежи од (10мм/5мин) во просек за време на симулација од 1 час, наврнати во локализирано подрачје од 10-15 км2.

– Скопското катастрофално невреме, беше невообичаено за континентални средини и повеќе наликуваше на тропски бура. Три-димензионалниот приказ дава многу реалистична слика за карактерот и силината на овој редок деструктивен временски феномен, вели тој.

Тој се надева дека научната анализа барем малку ќе помогне во информацијата за генезата и еволуцијата на ваков екстремен атмосферски феномени и да добиеме пореалистична слика за катастрофалниот интензитет на ова невреме кое го погоди градот Скопје и околината.

Ирена Радовановиќ (МИА)

ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Путин ја крена целата војска во состојба на борбена готовност!

Министерството за одбрана на Русија објави соопштение за одлуката на врховниот командант на земјата Владимир Путин за новата изненадна проверка на борбената готовност на вооружените сли, која ги зафаќа Јужниот, Западниот и Централниот округ, како и Северната флота, Воздушно-космичките сили и Воено-десантните сили, соопшти министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу

ministerstvo_odbrana_rusija
„Денес во склад со одлуката на врховниот командант на вооружените сили на Русија ќе започне уште една во низата проверки. Војската на Јужниот воен округ, дел од средствата на Западниот и Централниот воен округ, дел од силите на Западниот воен округ, Северната флота, Главната команда на Воздушно-космичките сили и Воздушно десантните сили од 7 часот по Московско време ќе ја проверат борбената готовност“, објави Сергеј Шојгу на седницата на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија.

Проверката ќе трае од 25. до 31. август. Според зборовите на Шојгу, паралелно со тоа во Јужниот воен округ веќе е во тек активна припрема на стратешките воени вежби „Кавказ 2016“. Веќе се одржани низа командно-штабски тренизни.
„Органите на воената управа, воените единици и одредот за специјална и материјално-техничка логистика во текот на 12 специјални вежби извршуваа задачи на благовремено распоредување на трупи“ рекол министерот.

Министерот наложил да се информираат сите воени аташеа на странските држави за почетокот на изненадната проверка на борбената готовност на војската.

МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: За да изградат случај против мене, го глумат и Нострадамус

Врз основа на три чуени збора Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се обидува да избилда случај на говор на омраза, тврди новинарот Миленко Неделковски за Дневник.

МИЛЕНКО ИНФОМка

-АВМУ оваа зима направи надзор на 7-8 мои емисии, кои беа емитувани во јануари и во февруари. Тоа е сторено по анонимна пријава дека во моите ТВ-емисии сум поттикнувал на насилство и сум ширел говор на омраза кон припадниците на ЛГБТ-заедницата во Македонија. Kако резултат на надзорот е изготвен извештај на 18 страници во кои самото Одделение за медиумска писменост двапати констатирало дека Миленко Неделковски не направил никакви прекршувања. За веднаш потоа да ме обвини дека поттикнувам насилство и ширам говор на омраза кон ЛГБТ-заедницата, вели Неделковски.

Тој тврди дека обвинувањето може да се опише како класично билдање случај.

-За да дојде до ваков заклучок и за да се избилда случај од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги користени се примери од англосаксоноското право, иако кај тоа воопшто не се применува тоа, туку исклучиво континенталното право. Исто така се повикуваат на некои примери од Норвешка и Словенија. Kористени се и наводи на невладини организации, кои сите до една се спонзорирани од Сорос. А тоа се истите активисти кои ја бојосуваа зградата на Зоран Трајчевски и агенцијата што ја предводи, објаснува Неделковски.

За извештајот со кој е обвинет од АВМУ, Неделковски е дециден дека е проблематичен од неколку други аспекти.

-Има најмалку три спорни моменти. Ме обвинуваат за формата, иако по правило оценката треба да се изгради врз основа на содржината на кажаното. Ме обвинуваат и за моите тези, а за тези последен пат се обвинувало и се судело во Советскиот Сојуз и тоа во времето на Берија. И уште како трето, наведуваат претпоставки. Се поставуваат како да се Нострадамус, па кажуваат што сум мислел и што сум сакал да кажам кога нешто сум рекол во емисијата. Па велат дека мојот говор бил всушност пресметка со моите политички неистомисленици. Би ги прашал кои се тие бидејќи за разлика од други, не се сум член на ниту една политичка партија. Уште повеќе што наведуваат дека таквиот говор бил насочен кон барем двајца евроамбасадори во земјава. На која партија тие припаѓаат за да бидат мои политички неистомисленици? Дали двајцата во Македонија престојувале како дипломати или, пак, како политички активисти или во Агенцијата за ова знаат нешто што не го знае јавноста, прашува Неделковски.

И АВМУ и Неделковски сите свои согледувања и аргументи за овој случај ги имаат објавено јавно на своите интернет-страница. Kонечната одлука треба да ја донесе Kомисијата за заштита од дискриминација.

ПРВПАТ ПОСЛЕ 40 ГОДИНИ: Денес започнува со изградба на рударски комплекс во Казандол – Валандово

Компанијата Сардич MЦ по двегодишни истражувања, денеска почнува со изградба на својот рударски комплекс во Казандол,  Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник. Инвестицијата е англиска и е проценета на 35 милиони евра, а во првите седум години се очекуваат приходи од  близу 135 милиони евра или околу 20 милиони евра годишно.

На Казандол се потврдени резерви од 33 милиони тони рудни количина. Досега се потврдени за 20 години експлоатација.  Капацитетот на рудникот е 4.000 тони катоден бакар. Ќе биде вградена современа технологија од  фински „Аутотек“ која нема да има негативно влијание на животната средина.

Во фабриката што ќе се изгради во комплексот ќе бидат ангажирани директно 100 лица, а индиректно во целиот комплeкс ќе бидат ангажирани 250 лица.

Рударскиот комплекс се очекува да има позитивно влијание во регионот, но и приходи за државата. Компанијата ќе работи според македонски закони и според нив ќе плаќа давачки. Проценетиот прилив на средства во Македонија од производниот капацитет е 20 милиони евра.

Се очекува производството на првите бакарни катоди да почне за една година. Производството ќе биде пласирано на европскиот пазар.

Ова е прва фаза на проектот. Со отворање на следниот рудник планирано е и отворање дополнителен погон за преработка на катодите во бакарни цевки и валана жица.

Покрај концесијата за Казандол компанијата има концесија и за Петрошница и за Плавуш.

НОВ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈА: Бројот на жртви достигна 247 лица

Утринава нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер ја погоди Италија, што се вкупно 22 земјотреси во изминатите 24 часа.

zemjotres italja

Италијанската агенција за цивилна заштита соопштува дека спасувачите и понатаму трагаат по преживеани под рушевините во планинските села.

Стотина лица се повредени, од кои голем број се во тешка состојба.

Бројот на преживеани и загинати кои се уште се наоѓаат под рушевините не е познат.

СЕКОЈДНЕВНО ПИЕЛ ОД ОВОЈ НАПИТОК И ЖИВЕЕЛ 152 ГОДИНИ: Сурутка – најздравиот напиток кој постои

Дури и да не може да  направи сите да поживееме 152 години, нема никакво сомневање дека сурутката е еден од најздравите напитоци кои постојат. Еве што се лекува.

Томас Пар, скромен англичанец од село, го држи рекордот кога станува збор за најстарите луѓе на светот-доживеал 152 години!
Toмас живеел еден и пол век благодарејќи на напитокот кој го пиел секојдневно, а тоа е сурутката.Состав и лековитост на сурутката
Сурутката е толку благотворна што може да се пие речиси од раѓање до смрт.Сурутката е изворен облик на течност која содржи помалку од еден процент масти и над 93 % вода. Главни состојки на сурутката се калиум, натриум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, бакар, кобалт, манган, молибден, витамини, важни ензими и аминокиселини. Содржи само 26 калории на сто грама, која воедно е и добра за слабеење.Најздрав напиток за заболувања на црниот дроб
Здрав црн дроб е клуч на здравјето на оргнизмот, а сурутката е моќен прочистувач на црниот дроб. Доколку имате било какво заболување на црниот дроб задолжително пијте сурутка. Таа содржи и бета-лактоглобулин кој го снабдува организмот со аминокиселини(BCAA),а посебно за заболените од цироза овој  (BCAA)придонесува да живеат подолго и поквалитетно, тврдат стручните лица.
За кондиција и слабеење.
Aко интензивно се занимавате со спорт или пробувате да ослабнете, или доколку сте под стрес, како и доколку боледувате од тешки болести , сурутката треба да биде составен дел од вашето мени. Сурутката е богата со електролити, одлично го хидрира телото, дава зголемена енергеија и затоа е многу подобар избор од штетните енергетски пијалоци.
Сурутката  е неизбежен дел од исхраната на секој спортист и конзумирањето на сурутката овозможува побрзо заздравување и растење на мускулите е главна сировина за производство на протеини , кои се неизбежен дел од исхраната на спортиститеa . Воедно сурутката го намалува апетитот и затоа го поттикнува слабеењето. Воедно, допринесува и за здравјето на нервите, бидејќи го намалува шеќерот во крвта и крвниот притисок, покажуваат истражувањата на врвни клиники и научни центри за исхрана.
Млечната киселина која ја поседува сурутката го намалува бројот на штетни бактерии во цревата, а нејзината ниска PH ја поттикнува работата на истите.
Суруртката се препорачува редовно да се конзумира кога имате надуеност, грчеви и хронично воспаление на цревата. Сурутката е најдобриот народен природен лек скоро за сите болести, како и најдобриот лек за превентива.
Сурутката може да ја купите на пазар, во продавниците за здрава храна а најдобро е да ја набавите од произведувачите на млеко и млечни производи.
Козјата сурутка е докажано најдобра, но секако може да се употребува и кравјата.Најважно е животните да не се хранети со хормони.
Бидејќи сурутката има диуретичко својство , се препорачува на почетокот да се конзумира во умерена количина,односно можете да пиете три пати на ден по 150 мл., а потоа оваа доза може да се зголеми и до 1 л. на ден. Пијте ја сурутката пред секој оброк.
Покрај внатрешната употреба сурутката може да ја користите и за надворешна нега на кожата и косата.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во јужните и западните делови ќе има локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно со повеќе сончеви период и со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

Од утре ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на дневната температура која во недела ќе се движи помеѓу 27 и 32, а во понеделник помеѓу 28 и 35 Целзиусови степени.