дома блог страница 15199

ЗАЕВ ОД ВЧЕРА ВЕЌЕ НЕ Е МАКЕДОНЕЦ: Своеволно се откажа од својот народ, историја и држава – од денес е активист на УЧК!

Не се родил поголем предавник, плукач и одвратен безрбетник од Зоран Заев на македонска почва веќе подолго време

zaev_UCK

Вчеравечер на Арената „Филип Втори“ која другарите на Заев „Балистите“ ја прекрстија во арена „Адем Јашари“, лидерот на СДСМ под знамето на Џемо Хаса ги бодреше големо-албанските аспирации на УЧК во Македонија, на стадионот именуван во чест на најголемиот Македонски воен стратег  Филип Втори Македонски, кој бесрамно беше преименуван со името на основачот на УЧК под чија закана загинаа голем број на Македонски синови, за тој денес да може да се движи слободно во земјава. До кога слободно, тоа е веќе прашање на време.

фк_шкендија_фк_гент_____13_

Срамниот чин на Заев нема оправдување.

Неприфатливо е лидер на македонска опозиција под знамето на еден од најголемите крвници на Македонскиот народ фашистот Џемо Хаса, Зоран Заев да навива за клуб бодрен од јатаци на терористичката УЧК која војуваше против Македонија, славејќи го името на основачот на УЧК Адем Јашари, а за целото тоа време над неговата глава да се вее знамето на Џемо Хаса.

фк_шкендија_фк_гент_____1_

Џемо Хаса бил роден во гостиварско во сиромашно семејство, целиот живот го поминал работејќи земјоделие, се додека еден ден Албанија не се приклучила на фашистичката оска кога решил да земе пушка в раце и да тргне против Македонскиот народ извршувајќи ѕверски злосторства. Слично на Џемо, Зоран Заев исто така е роден во земјоделско семејство и целата младост се занимава со земјоделство се додека СДСМ чиј член е не одлучува да се приклучи на тероистичката оска на УЧК, спонзорирана од САД, кога станува градоначалник на Струмица и оттаму станува крвник на сопствениот народ. За неколку години станува мултимилионер, а парите од криминалот денес ги троши на понижување на државата, и работа во корист на големоалбанските идеи кои водат до поделба на Македонија!фк_шкендија_фк_гент__10_

Со големо-албанска иконографија, карти на „голема Албанија“, знамиња на УЧК, два прста во вис Заев вчеравечер се откажа од сопствениот народ, и стана терористички јатак. Човек кој ги величи терористите на УЧК и крвнците на Македонија.
фк_шкендија_фк_гент_____2_

ZORAN ZAEV BALISTЀТ: Зоран Заев заедно со Балистите навивал за Шкендија на арената „Адем Јашари“

Зоран Заев, лидерот на СДСМ вечерва со фотографија од трибините се пофали дека навива за Шкендија. Секако, Заев мора да нагласи дека секогаш е за успех на Македонија, а заборави да напомене дека неговите драги пријатели на кои им е должен до мера пустиот да мора да навива за нив, дека токму оние кои ги бодри арената „Филип Втори“ ја преименуваа во арена „Адем Јашари“
zaev_skendija

Шкендија загуби 4:0, па успехот и не е некој голем. Но тоа што повеќе загрижува е кого тоа Шкендија го претставува?

Дури и Заев не напиша дали се наоѓа на стадионот Филип Втори или на Адем Јашари, како што и Шкендија и Балистите ја нарекуваат арената во Скопје.

Заев не искоментира ниту дали заедно со неговите „пријателчиња“ скандирал за Голема Албанија? Заев не даде ниту коментар за тоа како се чувствувал знаејќи дека минатиот пат Балистите на целата арена испишаа „Илирида“ и редовно вадат карти на Голема Албанија? Не даде коментар дали е против, или за овие фашистички идеи?

Дали и сега треба да очекуваме фотографии од Заев со кренати два прста, или со знамиња, амблеми и други ознаки на Голема Албанија? Впрочем тоа и нема да биде изненадување од Заев, по неговото бесчуствително однесување минатата година во Куманово и за време на митингот во Скопје.

Да не заборавиме, Зоран Заев досега никогаш не се појавил на натпревар на Македонскиот прволигаш „Вардар“, а сега го гледаме прв на трибините кога треба да се бодри „Шкендија“ и големо-албанската идеја.
Впрочем Заев е првиот Македонски политичар кој јавно ја поддржа оваа фашистичка идеја на албанските националисти, ветувајќи дека доколку дојде на власт ќе воведе албански јазик да се изучува во сите школи во Македонија, прашувајќи зошто „мојата ќерка да не учи албански“.

Се почесто Заев го гледаме во друштво на Албанци кои имале и тесна соработка со исламистот Чауш, на свадби во Арачиново па дури и спрегн цела механизација на фирми блиски до СДСМ за да им го исчисти каналот на Арачиновци, а од другастрана им наредил на неговите советиници во Гази Баба да гласаат против чистењето на одводните канали на територија на општината.

Сведоци сме и дека Заев призна дека не му лежел патриотизмот, па можеби тоа е и причината поради која не оди на натпреварите на „Вардар“ каде што се пее „Кој душман ќе влезе, жив нема да илезе“!

НОВА, ОГРОМНА ИНВЕСТИЦИЈА: „Копер Инвестмент“ ќе инвестира нови 350 милиони евра во Македонија!

Задоволен од соработката со македонската Влада, условите за инвестирање кои ги нуди нашата земја и сите поволности кои им се нудат на инвеститорите, Копер Инвестмент одлучи да направи огромна инвестиција.

Владимир Скубенко, претседател на одбор на директори на Копер Инвестмент во изјава за Канал 5 најавува дека ќе вложи во Македонија нови 350 милиони евра за изградба на нов рудник и тука ќе продолжи со својата работа.

-Многу ми е мило дека дојдовме во краток рок за почнување на производство на бакар. Првиот проект е инвестирање на 35 милиони евра за производство на бакар во Македонија. Планираме да ја изградиме фабриката за 12 месеци и да го извадиме првиот производ. Понатаму планираме да инвестираме во друг локалитет каде се планира 10 пати поголема инвестиција околу 350 милиони евра. Паралелно ќе изградиме фабрика за производство на бакарни производи. Ќе има можност за добивање на бакарни резерви. Многу сум и благодарен на Владата на Република Македонија дека ни дава можност за многу краток рок да завршиме со геолошко истражување и започнување на изградба на комплексот и за една година да почнеме со производство на конечниот продукт. Добра е политиката на отворени врати за инвестиции, доста инвеститори доаѓаат во Македонија и мислам дека е ова многу добар пример за други инвеститори кои доаѓаат во Македонија. Имам доста пријатели кои доаѓаат со мене тука заедно и имаат намера да отворат свои бизниси во Македонија и ова како пилот проект за да започнат и тие свој бизнис во Македонија, рече Скубенко.

ФОРМИРАЊЕТО НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА ПРОБЛЕМ ВО ООН: Рускиот амбасадор во ОН изнесе податоци дека се спрема формирање на „голема Албанија“!

-Дијалогот Белград – Приштина е „длабоко замрзнат“, а косовските власти не се спремни да го применат договорот за Заедницата на српски општини, изјави денес Рускиот амабасадор во Обединетите нации, Виталиј Чуркин

vitalij_curkin_sinhua1
Тој во обраќајето пред Советот за Безбедност на ОН, на седницата посветена на Косово рекол дека за надминување на тој застој во дијалогот е поребно посилно присуство на светските организации во покраината.

Според неговите зборови, прашањето за демаркација со Црна Гора извади на површина уште посилни повици за обединуање на сите албански земји и стварање на „голема Албанија“.

Чуркин исто така рекол дека развлекувањето на почетокот со работата на Специалниот суд за воени злосторста на Косово е барање на изговори, со цел да се најдат и неутрализираат сведоците.

СВИЛЕН ГАЈТАН ОКОЛУ ВРАТОТ НА КАТИЦА: Што должи Катица кај Заев и зошто во моментов се води жестока битка во СЈО за смена на Катица!

Пари или долг кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев и другите ментори? Што е причината за се позачестените крици со кои специјалната јавна обвинителка Катица Јанева моли да и се продолжи мандатот?

janeva-zaev-640x390
На чело на СЈО, Јанева е речиси цела година. Нејзиниот досегашен мандат го одбележаа голем број на скандали во работењето, политички инструирани чекори, нетранспарентност во функционирањето, правење на спектакли, работа во име на СДСМ… За сите овие месеци јавноста немаше можност да биде сведок дека Јанева си ја работи својата должност за која е платена од парите на граѓаните, никој не виде дека таа водена од Устав и закон превзема нешто, туку само се чинеше дека води политичка битка во име на опозицијата.

Буквално никој друг, освен платените таканаречени експерти, немаа пофален збор за професионалноста на специјалната јавна обвинителка. Единствените епитети кои им се даваа на Јанева и нејзините обвинителки беа на база на потсмев, како на пример „Чарлиевите ангели“. Коментарите на нивна сметка повеќе значеа понижување и исмејување за однесувањето, отколку пофален збор за работењето.

Ова е и причината поради која во СЈО се води интерна борба за замена на Катица Јанева, на која нејзините „ангели“ веќе и го плетат свилениот гајтан.
lence_kata_fata
Имено, откако тимот обвинители водени од Катица Јанева почувствувале дека нивната работа не вродува со никаков плод, обвинителите за сите свои предмети и постапки за совети се обраќале до Лиле Стефанова. Јавна тајна е веќе дека во СЈО на големо се зборува дека Катица е тотално некомпетентна за задачата која и е доделена, и дека единствена компетентна за оваа работа била токму Стефанова.
За драмата да биде поголема, во моментов се води притаена битка помеѓу Катица и Лиле, за што меѓу обвинителите се зборува дека паднале и сериозни закани. Катица Јанева во неколку наврати и се заканувала на Стефанова дека доколку одбие да и се покори и да го работи она што ќе и го каже Катица, тогаш ќе заглавела во затвор за сите предмети кои ги водела.
Сепак, оваа драматична ситуација била накратко смирена откако до Катица дошла препорака „да седи мирно за да не го окрка за сите неуспешни случаи“.

sjo-bara

Јанева заработува вртоглави суми за нешто кое НЕ го работи

Катица Јанева се уште крие, но според проценките досега нејзиното конто од буџетот се има зголемено за повеќе од 20.000 евра. Ако на ова се додаде надоместокот за кирии кои ги плаќаше иако има два стана во Скопје, службените возачи и возила, обуките во странство кои ги посетуваа нејзините соработници кои ништо не сработија, лесно ќе дојдеме до првата причина зошто Јанева преку медиумите на СДСМ/Сорос почнува да моли за продолжување на мандатот. Нејзините причини се лични и се однесуваат на можноста за богатење, а не професионални кои би се однесувале на желбата за работење.

katica-janeva-sjo (1)

СЈО ги призна платите од неколку илјади евра

Точни се информациите за личните примања на обвинителите во ова јавно обвинителство. Меѓутоа, сакаме да потенцираме дека сите плати и додатоци на плата се пресметуваат согласно законските одредби и не ги надминуваат границите што Законот ги предвидува. Ова го истакна портпаролката на специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска,одговарајќи на новинарско прашање во врска со информациите дека платите и дополнителните месечни примања на обвинителите и на соработниците во СЈО се движат и околу 3.000 евра.

– Заради специфичноста на работата, сакаме да ја информираме јавноста, имајќи ја предвид пред сè обемноста на работата со која се соочуваме, јавните обвинители во ова обвинителство примаат и дополнителни надоместоци кои, исто така, се во рамки на законските прописи и секако за сето ова се поднесени уредни годишни даночни пријави, истакна Ристоска во јули годинава.

Портпаролката на СЈО високите суми за плати ги оправдува според законски прописи и вели дека се во рамки на одобрениот финансиски план.

– Мора да укажеме дека сите примања и финансиски движења на ова ЈО се во рамки на одобрениот финансиски план од Собранието, не ги надминуваат овие рамки и детални податоци ќе имате во вториот шестмесечен извештај што ќе биде објавен во септември, каде што ќе можете да видите точно на кои ставки се потрошени финансиите, додаде Ристоска.

lence-telegraf-640x427

Непотизам на дело во СЈО

Специјалното јавно обвинителство на чело со Катица Јанева почна да работи како семејна и партиска фирма и таму владее непотизмот. Во оваа институција беа вработени луѓе блиски до СДСМ и Обвинителството. КУРИР веќе пишуваше на оваа тема уште во месец април и дојде до информации дека конечниот избор за овие нововработени го правела токму Јанева.

Непотизмот по дефиниција е термин кој означува пополнување на работни места со членови на сопствените семејства и давање на предност при вработување на познати лица. Критериумите стручност и способност за одредена функција во ваквите случаи не ја играат одлучувачката улога.

Специјалното јавно обвинителство на Kатица Јанева, доби голем број нови вработени за кои во јавноста се појавија информации дека се деца и роднини на обвинителите што работат во ова обвинителство или се блиски пријатели на Јанева и на нејзиното семејство.

Тројца нововработени, Елена Јосифоска, Владимир Миладиновски и Љупчо Чучурски, пак, се во директна роднинска врска со обвинители од СЈО. Дури шестмина од вработените се од родниот град на Јанева, Гевгелија, за дел од нив проструија информации дека се всушност блиски или пријатели на самата специјална обвинителка или членови на нејзиното потесно семејство.

Во СЈО молчеа иако им должат одговори на граѓаните од чии џебови земаат пари.Тие не ја информираат јавноста за ваквата одлука иако станува збор за огромна сума на средства кои на сметка на СЈО се одлеваат од Буџетот.

На прашањата на Дневник, од СЈО испратија апсурден одговор.

-Од СЈО ја потврдија и роднинската поврзаност на дел од нововработените со обвинители од самото обвинителство, но тврдат дека нивниот избор бил законски, а се работело за најдобри кандидати или, пак, за единствени со комплетна документација од пријавените. Така од СЈО велат дека за позицијата што ја добила ќерката на Јосифоска биле барани шест извршители, а биле пристигнати 14 пријави. Од нив дури осум пријави биле со некомплетна документација, при што изборот морало да падне на овие шест, меѓу кои и Елена Јосифоска, пренесе весникот.4

janeva-zaev-640x317
Заев ги најавуваше чекорите на Јанева, медиумите на Сорос кршеа закони

Што се однесува до втората група на причини поради кои Јанева моли за подолг период на удобното столче во СЈО, со сигурност станува збор за нејзината блиска соработка со лидерот на СДСМ Зоран Заев и партиските функционери од оваа партија. Токму опозицискиот лидер однапред ги најавуваше чекорите на обвинителката. Јавноста прво беше изненадена од ваквото однесување, но потоа се и стана јасно. Ова видео се чини дека најдобро ја отсликува поврзаноста на СДСМ со СЈО, односно на Зоран Заев со Катица Јанева. Ваквата прес-конференција на Јанева дојде по само неколку дена откако Заев ги обзнани следните чекори на СЈО и нарачките кои Јанева треба да ги спроведе по негов заповед. Сега цела јавност знае каква соработка имаат Заев и Јанева.

Советниците на СДСМ на своите Фејсбук профили најавуваа за што ќе говори СЈО на прес-конференција иако темите никогаш не беа јавно соопштувани. Од тука е сосема јасно дека се работело координирано меѓу СЈО и СДСМ. Таа нишка на кршење на тајноста и откривање на скандалозната поврзаност ја продолжија медиумите блиски до СДСМ/Сорос кои најавуваа кој и кога треба да дојде на распит иако согласно македонските закони, таквото дејствие е тајна.

sjo-duvnjak

Целата јавност сфати, но не и Јанева, дека Заев монтираше и креираше случаи заедно со Чауш и сличните нему во СДСМ. Но, наместо да го расчисти овој криминал, Јанева одлучи да ослободи друг криминалец кој заедно со Заев го кршеа законот- Зоран Верушевски. Сопругата на овој човек, која исто така беше осомничена за „Пуч“, за чекорот на Јанева јавно му се заблагодари токму на Заев.

verus-sonja

Јанева има ограничен капацитет

Капацитетот на Катица Јанева е ограничен на нарачките добиени од Зоран Заев. На почетокот бараше голем тим поради обемната работа која велеше дека ја има. Потоа без логично објаснување и причина таа отпушти две вработени. Очигледно сметала дека и се вишок за да ги исполни своите обврски кон лидерот на СДСМ. Јанева од својот тим ги избрка Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева.

Кадриу во изјава за Канал 5 телевизија рече дека само Јанева знае зошто тие повеќе не се дел од тимот. Работеле редовно, посветено и одговорно, а зошто Јанева донесе ваква незаконска одлука, никој освен неа не може да знае.

Работев редовно, сите задачи, како и другите обвинители што се внатре. За тоа каде настана проблем, ќе ја прашате Катица Јанева. Таа не рече ништо освен дека не сме дел од тимот. Толку, Ништо не ни објасни. Ние прашавме, ама ништо. Немаше никакви несогласувања до моментот кога ни рече да излеземе од канцеларија и да ги предадеме предметите. Немаше никаква забелешка, ни усмена ни писмена. Ние работевме на предмети, а тие се предадени со записник за примопредавање на колегите. Советот за тоа викаше од почеток дека се доволни 7 обвинители, а обвинителката мислеше дека требаат повеќе. И се удоволи на нејзино барање, вели Кадриу.

Обвинителката вели дека не е точно дека се вишок и дека само Катица Јанева може да знае зошто таа мисли така.

-Само таа знае зошто сме ние вишок или мањак. Тоа таа треба да го каже, зошто носи такви одлуки еднострани и некоректни, несогласни со кодот на однесување на јавните обвинители, заклучи Кадриу во изјавата за Канал 5 на крајот на јануари.

Јанева одговори дрско без образложение: „Јас сум таа што одлучува за тоа кој ќе работи а кој ќе биде разрешен во специјалното обвинителство“!

janeva-anevski-640x482

Јанева постапи незаконски и неетички

Советот на јавни обвинители тогаш одлучи дека специјалната обвинителка Катица Јанева „незаконски, неетички и непрофесионално“ ги избркала двете обвинителки од Специјалното обвинителство, без никаква претходна најава.

Првиот човек на Советот, Петар Аневски, информираше дека по обемната дискусија, а разгледувајќи ги изјавите на двете обвинителки и на специјалната обвинителка, дошле до заклучок дека Јанева во конкретниот случај ги прекршила Законот за работни односи и за обвинителство.

-Без да спроведе постапка и без да се донесе решение ги отстранила од работните места на еден брутален начин. Биле исфрлени од нивната канцеларија, а за тоа на помош повикала некој од судските полицајци, кој интервенирал при иселувањето на двете обвинителки. Советот заклучи дека тврдењето на Јанева содржано во нејзиното писмено обраќање дека тие сами побарале да заминат – не е точно, рече Аневски.

351237-kako-se-zbogati-katica-janeva-640x415

Скандали и луксуз наместо работа

Речиси цела година, од Јанева слушаме само театрални прес-конференции, партиски мотивирани изјави, сведоци сме на нејзиното непрофесионално работење. СЈО е затворено и во односот кон медиумите кои не се блиски до СДСМ. Тие одговараат на прашањата неколку дена подоцна, во најмногу 2-3 реченици и во сосема поинаков контекст од прашањето. Нема транспарентност во нивното работење.

Затоа наместо да моли преку медиумите на СОРОС и наместо да одработува агенда на Заев, јавноста од Катица Јанева очекува сериозен отчет за тоа каде ги троши огромните суми на пари кои и се исплаќаат од џебот на граѓаните.

СТОЈАН АНДОВ ВМЕШАН ВО БИЗНИСИТЕ НА АНДРЕЈА ЈОСИФОВСКИ: Дали Јосифовски е над законот?

Македонија, иако мала балканска земја, која навидум на регионалната и глобалната јавност и познавање, не е доволнo силна да се претставува себеси како држава каде што големи бизнисмени оперираат со големи суми на пари, доволно да купат и генерираат влијание врз 2 милионска популација, најмалку. Сепак, ова најверојатно е точно, со тоа што во Македонија се наоѓаат неколку од најбогатите бизнис фигури во регионот, како на пример Андреја Јосифовски, кој е еден од најозлогласените македонски бизнисмени во моментот, каде што самиот се наоѓа во средината на голем скандал за наводни криминали во Макпетрол и неколку други компании, и тоа во време на преземањето на Макпетрол од страна на БПХЛ и новите странски инвеститори.

Andrea_STojan

Во минатото, и дури и денес, јавна тајна е и дел од неа се добро познати и докажани факти, дека тој има заработено богатство додека е на врвот на менаџментот на Макпетрол и во нафтениот бизнис во последните 20 години во најмала рака. Сепак, како е можно, ниедна институција да не била доволно храбра до сега да ја истражи оперативната работа на неговиот менаџмент? Врската помеѓу менаџментот на Макпетрол и своите вработени била ништо друго туку ужасна, со тоа што постојано се појавуваат безброј неофицијални анонимни искази од внатрешните кругови на вработените во Макпетрол, дека постои голема доза на непотизам и мобинг во компанијата, но бидејќи се исплашени од менаџментот, тие биле и сè уште се плашат да ги кажат јавно своите имиња и да зборуваат јавно на оваа тема. Дали Јосифовски е толку над законот што никој не се охрабрува и одлучува да оди против него? Зошто, кога тој е само бизнисмен со многу добро испреплетено влијание во бизнис круговите, но со надеж дека истото не е раширено и во државните институции кои треба секогаш да се на страната на народот. Или дали се?

На крајот на март 2013 година, на 28ми март, на седница на собрание на КХВ, беше одлучено за преземањето на QBE Македонија. Наредниот ден, македонските медиуми ја информираа јавноста дека QBE Македонија е преземена од австриската компанија Vienna Insurance Group AG Wiener Versicherung Gruppe. Она кое што не беше спомнато тогаш е дека Андреја Јосифовски бил претседател на управниот одбор на QBE Македонија според извештајот за 2010 година од Националото Биро за Осигурување на Македонија, пред VIG да ја преземе осигурителната компанија, и истотака по преземањето Јосифовски стана и сè уште е еден од членовите на надзорниот одбор во Vienna Insurance Group, според годишниот извештај за 2013 година на Vienna Insurance Group во Македонија. Прашањето кое е дискутабилно во оваа сторија за осигурување е дали сумата која Андреја ја добива како член на Надзорниот одбор е само маска за други матни зделки? Зошто останува да биде член на надзорниот одбор по преземањето? Дали има друга игра во позадина?

Но самиот Андреја не е единствената интересна фигура во ова поглавје за осигурување. По смртта на поранешниот познат директор на Макпетрол, Гаврило Гаврилски, кој бил почитуван од секого во Макпетрол, многу работи се имаат дрстично променето. Компанијата од тогаш до сега, се има транзиционирано од златната компанија, која како што кажувале вработените тогаш, “имала доволно пари да исплаќа плати на секој вработен до крајот на нашите животи па дури и повеќе”, до компанија која континуирано оперира со загуби и долгови – нешто кое било незамисливо под менаџментото на Гаврилски. Во тоа време, претседателот на Собранието на Република Македонија, беше Стојан Андов, чиј син, Бошко Андов, пред неколку години фигурираше како член на одборот на QBE Mакедонија, а сега е генерален менаџер и претседател на управниот одбор на “Осигурување Македонија – Vienna Insurance Group Macedonia”, заедно со Андреја, кој моментално е член на надзорниот одбор во оваа компанија. Како што имаше објаснето и споделено Миленко Неделковски, Стојан Андов е главната фигура која имала доволно влијание за да го позиционира Јосифовски на врвот на Макпетрол на времето. Како екс амбасадор на Југославија, Андов имал искуство со нафта од Ирак, и ова му има овозможено дозвола од поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров, да го одбере “правилниот” директор на Макпетрол. Кога Андреја бил одбран како главен лик во Макпетрол, сите менаџери на секторите во компанијата кои го подржувале за да стане нов директор, им била доделена по една Хонда Акорд за приватна и службена употреба. Дали е можно ова да е голема услуга која Јосифовски своеволно му ја дава назад на семејството на Андов? Причината “зошто” е едноставна, доколку јавноста сака да биде потсетена на историјата уште еднаш.

makpetrol_andov
Дали ова е можеби уште една игра на парите на акционерите на Макпетрол, кои се главната точка во безбројни сомнежи дека биле поврзани и биле прелеани во скоро секоја компанија со која Јосифовски бил поврзуван? Дали ова биле дел од парите на акционерите на Макпетрол кои биле во игра во процесот на преземање и купување на QBE Македонија од Vienna Insurance Group?
makpetrol_andov2
makpetrol_andov3

makpetrol_andov4

makpetrol_andov5
Во последните 20 години, Јосифовски има работено во нафтениот бизнис како главен на најголемата нафтена компанија во државата, но неговите лични добивки се посебна тема на која ретко кој е доволно храбар да ја анализира и коментира во јавноста. По повеќе од 20 години, токму сега, во средината на преземањето на Макпетрол од страна на БПХЛ, беше објавено во македонската јавност, дека Јосифовски порано бил сопственик на компанија заедно со Милан Сотивовски со еднаков удел со Макпетрол во Petroimpex (Overseas) Limited, оф-шор компанија лоцирана во Кипар, и формирана во времето кога Кипар сè уште е оф-шор зона, која подоцна била затворена само неколку години откако бил изгласан нов закон од Кипарската Влада, дека земјата повеќе не е оф-шор дестинација. Покрај ова, интересно е да се напомене дека нема ниту еден официјален податок или пак пријавени акции во таква компанија во македонските државни институции. Зошто ова не е сомнително и зошто ниту една македонска институција не пробува да го истражи ова? Дали акционерите воопшто биле свесни и запознаети дека Макпетрол имал акции на времето во таква компанија и кој и како ги користел тие пари?

Според објавените факти и изјави, изгледа дека личност со таков профил, најверојатно има многу повеќе банкарски сметки и имот во странство кој можеби не е пријавен во македонските државни институции, или пак дали е можно дека тие не се пријавени и со нив не се запознаети институциите и јавноста бидејќи постои можност дека овие поседувања им припаѓаат на акционерите на Макпетрол, ако испадне дека нивните пари се поврзани во вакво мрачно сценарио?

Нормално, во секоја држава, законот треба да е еднаков за сите, не само за големите риби, од кои една од нив во оваа ситуација константно и упорно пробува да ја достигне големината на езерцето во кое живее, наречено Македонија.

ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА ФАТИ 50 КУБИКА ДРВА: Во пограничната линија кај гостиваско фатени 50 кубини метри нелегално исечени дрва!

Полициската станица за граничен надзор при РЦ-Север, Маздрача, откри нелегално исечено огревно дрво натоварено во 2 товарни моторни возила во атарот на селото Јеловце гостиарско. Се работи за околу 50 метри кубни дрва.

Полицијата, особено граничната во овој регион во последниот период бележи исклучителни резултати!
drva_gostivarsko

drva_gostivarsko2

drva_gostivarsko3

НАЈГОЛЕМОТО ЦРКОВНО ЅВОНО ЌЕ ОДЕКНЕ ОД ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: 12 ѕвона од кои најголемото 8.3 тони ќе биде поставено во црквата „Св.Константин и Елена“

Од Македонската православна црква – Охридска архиепископија велат дека е неблагодарно да се каже со сигурност кога ќе биде готов храмот бидејќи се одвиваат специјални уметничко-занаетчиски работи што не може да се предвидат со конкретен рок, пишува порталот skopjeinfo.mk.
sveti-kostantin-i-elena-630x473

Моментно таму се слика фрескоживописот.

Бобан Митевски, презвитер во кабинетот на архиепископот Стефан вели дека фрескописот го работат тајфа зоографи од Украина и тој е веќе 50 проценти поставен.

– Фрескописот се работи во византиски стил и е според македонската школа. Проучуван е фрескописот во византискиот период преку нашите најрепрезентативни споменици, како што се храмовите „Свети Пантелејмон“ во Нерези, „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид и „Свети Ѓорѓија“ во Старо Нагоричино – објасни Митевски.

Во подрумскиот дел на црквата се предвидува амфитеатар, простории за функционирање на храмот (свештенички и административни канцеларии), крстилница и еден помал параклис.

На камбанаријата на „Свети Kонстантин и Елена“ се поставени 12 ѕвона, што според презвитер Митевски е најголем спој на камбани забележани во Македонија, освен во Бигорскиот манастир. Тие ќе одекнуваат кога црквата комплетно ќе се заврши.

Ѕвоната, кои се изработени во Австрија, ќе продуцираат тонови во три октави. Проектот за ѕвоната го изработија архитектите Искра и Владимир Лековски од студиото „Лелелеле“, кои го изработија и идејното решение и основниот проект за изградбата на храмот, а рускиот проектант Марк Галтерин го изработи проектот за звучниот сет.

Централното ѕвоно е тешко 8,3 тони и е најголемото ѕвоно на Балканот. Второто по големина е тешко 3,5 тони, а третото 2,3 тона. Сите 12 ѕвона ќе бидат наместени да произведуваат различни мелодии. Една мелодија ќе се произведува за големите празници, а друга ќе биде за во неделите.

УЧИЛИШТАТА „ЈАХЈА КЕМАЛ“ СЕ ЗАТВАРААТ: Македонија ќе одговори на барањата на демократски избраната власт во Анкара!

Владата на последната седница усвоила мерки за ограничување на активностите на Фетулах Ѓулен и неговите приврзаници во земјава. Според неофицијални информации, тоа опфаќа затворање на невладини и образовни институции за кои биле побарани мерки од Анкара. Информациите веќе дошле до родителите на учениците во училиштатат Јахја Кемал. Во голем број тие попладнево се собрани пред објектите на оваа образовна институција во очекување на одговори.
jahja_kemal

Од владата нема официјална потврда. Министерот за надворешни работи Никола Попоски за време на прес-конференцијата со неговиот грчки колега Никос Коѕиас, на новинарско прашање потврди дека мерки има, но не прецизираше какви. – „Донесени се мерки согласно македонските закони. Ние имаме соработка со демократски избраните власти во Анкара“, рече Попоски.

Од Јахја Кемал за Пресс24 велат дека таквата одлука до нив не е стигната. Велат дека од 1 септември започнува учебната година за нивните ученици и дека се една од најреномираните образовни институции во Македонија.

ГРУЕВСКИ ОБЈАВИ РАДОСНА ВЕСТ НА ФБ: Компанијата „Сардич МЦ“ со новиот рудник ќе отвори нови 250 работни места!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека денес започнува инвестицијата на Сардич МЦ за изградба на рударскиот комплекс Казандол за производство на катоден со која ќе се обезбедат нови 250 работни места.

FoNet/AP-POLITIKA-MITING

во продолжение интегрален текст од објавата на Груевски

Добра вест за Валандово и регионот. Денес започнува инвестицијата на Сардич МЦ за изградба на рударскиот комплекс Казандол за производство на катоден бакар, инвестиција која е од исклучително важност за целиот регион на Валандово и соседните општини и особено важна за целиот рударски сектор во државата. На оваа инвестиција се работеше подолг период. Првите мои контакти со инвеститорот беа уште во 2013-та година. Повеќегодишните разговори, како и најмалку двегодишните детални истражувања на теренот, надополнети со посветена работа и ангажман на тимот за инвестиции и локалната самоправа резултираше со отпочнување на инвестицијата во вредност од 35 милиони евра која ќе значи нови 250 работни места. Дополнително ова ќе обезбеди работа и за повеќе домашни компании од градежниот сектор во вредност од 15 милиони евра и ангажирање на дополнителни 150 градежни работници кои ќе работат на пропратната инфраструктура потребна за рудникот. Инвеститорот е заинтересиран и за дополнтелни истражувања за два нови капацитети каде истражувањата се во тек и се со планови за инвестиции за експлатација на руда и за овие две концесии.

Она што е од особена важност е што се работи за развојна инвестиција од која ќе обезбедат сигурна егзистенција многу семејства. Отворањето на на нови работни места што ќе значат нова можност за луѓето, закрепнување и подигнување на нивниот стандард преставува наша првенствена цел. Потврда за нашата рбота е намалување на невработеноста, а кога станува збор за Валандово споредено сега 2016-та и 2006-та година таа е преполовена. Ако во 2006-та таа беше 3028 невработени, сега во Општината Валандово таа е за половина помалку односно 1021 невработени. И како што говорат фактите ние не се откажуваме и работиме на дополнитело нејзино смалување. Кога голем дел од нашите конкуренти се фокусирани на создавање на амбиент на несигурност и криза, нашиот главен и првенствен фокус останува економијата, каде досега имаме направено многу, но заедно со граѓаните ќе постигнеме уште повеќе. Се трудиме да решиме што е можно повеќе проблеми и да го реализираме ветеното, затоа што нашата обврска се граѓаните и нивните потреби. Нека е со среќа новата инвестиција.