дома блог страница 15198

ЃОРЃЕ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ЕРДОГАН: Турскиот претседател испратил покана до Ѓорѓе Иванов за средба по свеченото отварање на новиот мост!

Македонскиот претседател ќе присуствува и на свеченото отворање на третиот мост над Босфорот – „Јавуз Султан Селим“

gjorgje_erdogan

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во работна посета на Република Турција, на покана од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Македонскиот претседател, како што соопшти неговиот кабинет, во Истанбул ќе оствари средба со турскиот претседател Ердоган, а ќе присуствува и на свеченото отворање на третиот мост над Босфорот – „Јавуз Султан Селим“.

НА ОВИЕ ИМ НЕМА СПАС: Сакаат да го „ќарат“ ловното во Струмица, па го напаѓаат директорот на Шумското Кире Михаилов!

Веќе подолго време еден од најблиските соработници во криминалот во Струмица на Zaevi, Марјан Даскалов се труди да го дискредтира директорот на Шумското претпријатие „Беласица“ од Струмица, обидувајќи се со лаги и манипулации да предизвика паника кај граѓаните

struimica_marjan_daskalovski

Марјан Даскалов е еден од соработиците на Zaevi во Струмица, кој служи како измеќар на струмичкиот градоначалник за валканите работи на Zaevi. Даскалов веќе долги години е претседател на ловното друштво од Струмица, а од почетокот на неговото претседалствување до денес, друштвото се соочува со сериозна финансиска и егзистенцијална криза, дотолку повеќе ако знаеме дека денес истото е затворено од страна на УЈП поради сомнение за финансиски криминал, а континуирано во последните години членството во друштвото опаѓа.

Сега кога треба одново да се избира нов претседател, исплашен од неговата конкуренија Даскалов се крие зад неговите измеќари, портпароли на СДСМ во Струмица кои неаргументирано го напаѓаат Михаилов.

Обвинувањата се дека нема доволно дрва за следната грејна сезона, дека немало договори, а на оние склучени договори немало краен рок на испорака. Чиста бламажа.

Михаилов исто така истакна, дека Даскалов не треба да се плаши и да се крие зад неговите измеќари од ОО на СДСМ во Струмица, и да собере храброст да излезе на јавен ТВ дуел.

ЦЕЛА БУЛУМЕНТА КОРИСНИ ИДИОТИ ВО ОДБРАНА НА ZAEVI: Уште Катица фалеше да скокне да го брани, ама она не знаела што да пише…

Сеуште реалноста за сериозноста на ситуацијата во која западна Zoran Zaevi се нема спуштено во неговата свест, па на секој начин се обидува да се оправда за тоа што вчера заедно со „Балистите“ ја величаше УЧК, Џемо Хаса и Адем Јашари

Во обидот да се испере Zaevi утринава кренал тревога во штабот на Бихаќка па итно биле повикани ПР „експертите“ од Белград кои направиле колку што можат, но и тоа што го направиле само го турка LSDM и Zaev, во поголеми проблеми.

Освен снимката, која изгледа смешно, очајно и патетично, ПР„експертите“ ги ангжирале и соросоидите и шареноликите фрлачи на кондоми со боја,  да го бранат Zaevi од бурната реакција на Македонскиот народ, па и тие како и Zaevi сеуште убаво ја немаат разбрано причината за гневот.

Лидер на „бранителите“ на Zaevi е ЛГБТ активистот со лабилна психијатриска слика Љуми Бекири, инаку чест гостин на Американскиот амбасадор Џес Бејли.

unnamed (1)

 

Како што може да се види Љуми си приза дека врска нема што зборува уште на почетокот. На крајот некаде меша „етничка нетрпелвост“ која ја сееле некои медиуми, со што уште еднаш докажува дека ниту тој, ниту тие како него се надвор од реалноста.
„Етничка нетрпеливост“ шират токму Балистите бодрени од Zaevi кои ја глорифицираат терористичката УЧК, балистот и фашист Џемо Хаса и основачот на УЧК Адем Јашари. Нетрпеливост шират оние кои промовираат големоалбански идеи, и палат знамиња на матичната држава.

unnamed (3)

 

Зекири е фикс, кога станува збор за тресење зелени. Бранејќи го Zaevi, тој бара од Димитриев и Груевски да приуствуваат на натпреварите на „Шкендија“. Како што можете да видите се работи за серија корисни идиоти кои незнаат што зборуваат. Имено, неможе премиер и лидер на најголеата политичка партија во Македонија да присуствува на натпревар на кој се величаат терористи и се дерогира државата, се плука по знамето, името и народот. Ова, сеуште го нема разбрано и Zaevi.

unnamed (4)

Павле Богоевски пак е случајно во ситуацијата. Изгубен случај. Зборува за некои ѓаволи и други метафизички категории, исто така неуспешно обидувајќи се да го оправда Zaevi. Никој во Македонија нема ништо против Шкендија и фудбалот. Не. Но секој Македонец има против бодрењето на големоалбанските идеи и поклонувањето пред терористи. Ова, Zaevi уште не го разбира. Црпнат.

unnamed (5)

 

Оваа личност, не е јасно што сакала да каже. Зборува за значењето на зборот Шкендија, и тоа дека Zaevi бил Shkendija, односно искра надеж. Продолжува да зборува за иднина и за живот во држава каква што ќе создадел Заев.
Токму поради тоа што Заев сака да создаде држава која ќе биде федерација, и во корист на големоалбанските идеи и терористички амбиции, токму поради тоа е гневот. Малоумници…

unnamed (6)

 

Добро, Рамадан Рамадани како и редовно си треснал зелена. Демек, натпреварот на Шкендија на кој се скандиа голема Албанија и смрт за Македонија е на исто рамниште со средба на високо ниво со цел остварување на меѓудржавна соработка. Фиксно глупави коментари од вахабистот Рамадани.

Во целата булумента корисни идиоти, фали уште коментарот на Катица, но неофицијално таа одбила да напише било што, затоа што немало кој да и каже што требала да пише. Бејли не бил достапен, а Каранакова изгледа на одмор.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВА МИЗЕРНО ЧОВЕЧЕ: Сеуште е нејасно дали Zaevi е природно глуп или да?

Откако изутринава направл хаос на Бихаќка поради сознанието каква глупост направил, Zoran Zaevi на службите во LSDM итно побарал да бидат повикани ПР „експертите“ од Белград кои би требало да смислат стратегија да го исперат од глупоста која ја направил

zaev_stadion_UCK

Помина половина ден, и Zaevi објави едно бедно видео на својот ФБ профил во кое вели дека тој бил голем фан на фудбалот, и дека затоа што бил Македонец решил дека треба да оди и да ја бодри Шкендија на натпреварот против Гент. Дури и се обиде вината за својата глупост да ја префрли врз неговите „противници“, кои на оваа постапка не гледале така.

Очигледно е дека Zaevi е загубен во просторот, па влегува од глупост во глупост.

Имено, неспорно е дека цела Македонија дава поддршка на било кој Македонски тим кој ќе успее да се пласира во силните Европски натпреварувања, дури и на „Шкендија“. Проблемот е во тоа што Zaevi со неговото присуство на Арената „Филип Втори Македонски“ ја оправда националистичката реторика на навивачката група „Балисти“ која е спонзорирана од истиот генерален спонзор на „Шкендија“.

Не е проблемот во тоа дали Zaevi сакал да бодри тим од Македонија во кој играат и Македонци и Турци, Бошњаци, Албанци и сите народности на Македонија. Проблемот кој Zaevi очигледно не може да го разбере е во тоа што тој оправдува величење на терористичката група УЧК. Проблемот е во тоа што тој скандирал и навивал под знамето на Џемо Хаса (фашистички злосторник од гостиварско). Проблемот Zaevi, е во тоа што во видеото не се ни обиде да ги осудиш големоалбанските аспирации на „Балистите“ со кои си навивал, не најде простор да кажеш дека ти не се согласуваш со правењето на херои од обични терористи кои 2001, па и минатата година се бореа за ти да живееш во мир. Црпнат еден.


Погледнете ја оваа мизерна појава наречена човек. Погледнете и слушнете како се обидува да се испере од глупостите, а во исто време правејќи нови. Погледнете како нема доволно интелектуален капацитет да ја разбере причината поради која Македонска јавност бурно реагираше на неговата идиотска постапка.

Ај, што србите го снимале Zaevi пред вратата на кабинетот во штаб како мало детенце пред рецитал, обидувајќи се да се испере од глупоста, а запаѓајќи во уште поголема, овие ПР „експертите“ од Белград ги насамариле и најгласните соросоиди и шаренолики фрлачи на куртони да го бранат на социјалните мрежи.

Само уште Катица не доби наредба да го брани балистот Zaevi.

Погледете ги овие очајни обиди, овие патетични ликови кои се обдиуваат да го спасат својот шеф, незнаејќи во што се впуштаат. За ваквите луѓе постои една дефинција која ја постави Мирка Велиновска, а гласи „корисни идиоти“. Луѓе кои незнаат што збруваат, ама секако ќе кажат бидејќи така им кажале.

Мизерно. За некој денар си плукнаа по своите родители, своите деца, својата земја. Освен секако, Рамадани и Зекири, тие се со „Балистите“.

unnamed (1)

unnamed (2)

unnamed (3)

unnamed (4)

unnamed (5)

unnamed (6)

unnamed

ДРУШТВОТО НА ZAEVI ГО КИНЕЛЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Балистите величењето на УЧК, го кинеле и Македонското знаме!

Zoran Zaevi вчера реши дека него и на LSDM не им прилега „патриотизмот“ и дека најдобар начин тој и LSDM да се откажат од соптвениот народ и да се додворат на албанскиот е присуството на трибините на натпревар на Шкендија
zaev_stadion_UCK

Тоа што Zaevi присуствувал на натпреварот самото по себе не е проблем, но секако дека претставува проблем кога лидер на опоизција, под знамето на Џемо Хаса, во име на Адем Јашари (основач на УЧК) со големоалбанска иконографија и националистички песни, навива и ги поддржува.

Негирањето на Македонија за Зоран не е проблем се додека мисли дека добива политичка поддршка од „Балистите“ кои се познати и по тоа што воопшто не ја почитуваат Македонската држава, па дури и до поканата на Заев стои „FYR Macedonia“ или воопшто не се споменува.

Ова е само приказ за тоа чиј пријател и на кого му се додворува Zaevi. Ова е снимка од пред неколку години, направена во Кичево:

ZORAN ZAEVI КРЕНАЛ ПАНИКА НА БИХАЌКА: Итно свикани продавачите на магла од Србија!

Откако му пропаднаа сите замислени сценарија за дестабилизација на државата, откако неговите насилни револуции не му го кренаа рејтингот на СДСМ, а како повторно се доближува изборен процес, Зоран Заев како и секогаш кога ќе му загусти, на помош ги повикува „продавачите на магла“ од Србија. „Белградската врска“, односно „продавачите на скапа магла“, кои како советници на Заев му ја продадоа идејата за платеничка револуција и стратегијата за насилно рушење на власта, повторно се во Скопје, пишува Република.

dzip-magla-1-640x288

Нивниот џип, кој лани често беше паркиран пред партиското седиште, повторно е фотографиран во Скопје, пишува Република.
dzip-magla-2-520x272
Да се потсетиме, минатата година Република во неколку наврати пишуваше дека стратезите кои стојат зад неколку насилни политички операции на Балканот сега се главните советодавачи на Заев. Повеќе месеци во редовни тајминзи, најмалку еднаш во две недели, тројца луѓе со џип со српски регистерски таблички доаѓаа во штабот на СДСМ на средба со раководството. Многу набрзо по објавувањето на оваа информација, екипата на „Република“ го „улови“ џипот како го напушта седиштето на СДСМ.

Познатите имиња во светот на насилните кампањи, Милан Шчекиќ и Иван Бендер, наголемо беа присутни во Скопје минатата година, но и во периодот април-мај годинава кога почнаа насилните напади и пресметки со полицијата, палењата на институциите, демолирањата, грабежите под превезот на платеничката револуција. Шчекиќ и Беднер се поврзуваат со агенциите за стратегиско планирање и за активности со односи за јавност „Раскин и Хант“ (Ruskin & Hunт) а претходно „Артс енд крафтс“, која медиумите ја врзуваа во корупцискиот скандал за извлекување на државни пари за кампањи. Шчекиќ работел и за српското министерство за Косово и Метохија, каде неговата активност многу наликува на методите кои Заев, со масовните протести и судири меѓу полицијата и српското малцинство на Косово, како и српско- косовските гранични инциденти и судири, пишува Република.
naslovna167-1-520x748
Иако од партијата лани негираа и се обидоа да ја скријат соработката со нив, некоординираноста во партијата ги откри картите. Координаторот на пратеничката група во Парламентот, Горан Сугаревски лани за Република потврди дека СДСМ соработува со пи- ар агенција од Србија, за која не беше сигурен за името, но од која раководството било многу задоволно.


Иако СДСМ официјално никогаш не одговори на поставените прашања од Република, дали има договор со српските стратези, колку ги чини тоа и на кој начит се исплатени, српските медиуми ја потврдија нивната работа во Македонија.

Сега, кога се очекува лидерската средба на која ќе се потврди дека се исполнети сите услови за избори согласно последниот договор кој го потпиша и Заев, а во меѓувреме популарноста на Заев не се одлепи од дното, истите стратези се повторно во Скопје. Откако „зафатите“ за проблематизирање на изборите со Избирачкиот список и со медиумите се чини дека се затворени, Заев веројатно повторно се врти кон насилните сценарија во режија на српските стратези.

Оваа снимка е од 2006 година од нападот на Претседателството на БиХ во Сараево што го потврдува дека сценариото, кое Заев и СДСМ ја продаваа како „граѓанска реакција“ е препакувана веќе пробана тактика за таканаречена „шарена револуција“ во организација на „Белградската врска“.
afera-01-520x343-520x343
Истите советници, дознавме, имале улога и во посетата на Заев на Израел и неговиот лаги испратени од таму за темите на разговор и со луѓето што се сретнал. Агенцијата, според српските медиуми, е во блиски односи со познат израелски „махер“ за односи со јавноста, кој пак во Србија е познат по победничката кампања на СНС, како и по промотивните кампањи на поранешниот претседател на земјата, Борис Тадиќ.
Naslovna168-740x320-520x225-520x225
Исто така се додава дека „Продавачите на магла“ успеваат да ги наметне партиските ставови во медиумите во текот на кампањите. За потсетување, дел од српските медиуми ширеа невистини и манипулации за настани кои се случуваат во Македонија, а кои коинцидираат со стратегијата на СДСМ за девалвирање на државните институции и на системот во целина. Дел од нив беа преземани и цитирани од медиуми кои се блиски до СДСМ, а се однесуваа за текот на акцијата во Куманово, потоа околу безбедносната состојба во државата, за насилните протести пред Владата во Скопје, за мигрантската криза…
tema167-7
Ако нападите врз институциите, наводните револуции, бојата врз спомениците и фасадите, секојдневните блокади се разработени сценарија кои им беа само препакувани за СДСМ, какви ли црни сценарија сега е спремен да купи Заев од овие продавачи на магла за повторно да нема избори? Каква ли сега ќе е реакцијата на неговите „пријатели од надвор“ ако повторно ги минира изборите како што тоа го стори претходно во два наврати годинава?

ДРУГАРИТЕ НА ZORAN ZAEVI ПРЕТЕПАЛЕ ПОЛИЦАЕЦ: Неколку полицајци повредени, еден потешко и украден полициски пиштол!

Специјалната единица ЕБР поради настанат неред кај Балистите се впушти во интервенција каде покрај повредените и претепани навивачи имаше и повредени полицајци. Еден полицаец кој бил облечен во цивил е тешко повреден, откако навивачите дознале што работи тој, почнале да го тепаат. Исто така при интервенцијата бил одземен и пиштол од специјалец на ЕБР што е крајно недозволиво

policija_stadion
Вчерашниот натпревар на Арената Филип Втори помеѓу Шкендија и Гент, помина во катастрофална организација и покрај поддршката која Zoran Zaevi реши да им ја даде на неговиоте пријатели и јатаци на УЧК „Балистите“.
zaev_stadion_UCK
Со овој чин, Zoran Zaevi се откажа од сопственот народ, и реши да не ги почитува жртвите кои својот живот го дадоа во одбрана на Македонија како во 2001 година, така и минатата во кумановско Диво Насеље кога правеше селфи на местото на кое загинаа осуммина херои.

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ ВРЗ АНГЕЛА МЕРКЕЛ: Вооружен маж се обидел да влета во колоната возила во која била Меркел!

Чешката полиција уапсила вооружен маж кој се обидел да влезе во колоната со возила во која што била Ангела Меркел, а како што пренесува британски „Мирор“ голема била веројатноста дека бил спречен атентат врз германската канцеларка.

Angela Merkel

„Мирор“ пренесува дека уапсениот маж возел црн „мерцедес“ и во еден момент со својот автомобил се обидел да се инфилтрира меѓу автомобилската придружба на германската канцеларка која што била во официјална посета на чешката престолнина Прага.

Локални полициски службеници откриле дека човекот бил уапсен под сомнение дека планирал да изврши злосторство „против високи функционери“, а случајот сега бил во рацете на детективите од полицијата во Прага.

ZORAN ZAEVI СРЕЌЕН ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ ПОНИЖУВА МАКЕДОНИЈА: Политичката поддршка од „Балистите“ поважни од негирањето на Македонија!

Заев седеше во ложата на трибините и си правеше „селфи“, додека во исто време на само неколку метри од него се вееја знамиња на УЧК и шалови со карта на голема Албанија, среќен онаму каде што се понижува Македонија
zaev_stadion_UCK

Негирањето на Македонија за Зоран не е проблем се додека мисли дека добива политичка поддршка од „Балистите“ кои се познати по нивната иконографија со знамиња на УЧК, Голема Албанија, со ликовите на Џемо Хаса и основачот на УЧК Адем Јашари.

Ако сте се запрашале, Џемаил Хасани познат и како Џемо Балистот, Џем Хаса, Џемо Симница бил балист од Македонија, лидер на Бали Комбетар за Западна Македонија. Него, Италијанците претежно го искористиле за борба против партизаните и му давале месечна плата од 50 илјади лека.

Џемаил Хасани е роден во 1908 година во гостиварското село Симница. Растел во многудетно и сиромашно семејство. Уште како дете почнал да работи со земјоделие на татковиот имот. Тешката сиромаштија и самиот албански отпор кон српската окупација во Македонија, потпомогната со изборот на Албанија да се приклучи кон фашистичката оска, кај Џемо се јавува желбата за војување.

фк_шкендија_фк_гент_____1_

Во почетокот заминал да војува во јужниот дел на Албанија. За својата ефикасност е прогласен за воен офицер лично од кралот на Албанија, Ахмед Зогу. Во почетокот на 1941 година се враќа во Македонија, каде започнува со неговите ѕверства врз македонското население. Дејствувал во цела Западна Македонија. Во почетокот на 1945 година Џемо Хаса и уште триста други души, во близината на мостот на река Маздрача, кај село Жеровјане, на патот Тетово-Гостивар, почнале борба со партизаните, каде стрелале 7 души. На 6 мај 1945 Хасани е убиен. Претходно, во почетокот од 1945 година, ОЗНА во Македонија организирала потрага по Џемо, кој со вооружени групи се движел низ Албанија и западна Македонија. Во март истата година биле воспоставени контакт и соработка со Риза Раифи, роднина на телохранителите на Џемо: Абдула Зибери, Абдула Амити и Назиф Амити. Соработникот Риза Арифи се обврзал заедно со телохранителите да го заработат или ликвидираат Џемо. ОЗНА за возврат им ветила слобода, доколку не продолжат со ограбувањата

Зоран, воопшто не е вознемирен кога во неговата татковина фудбалски тим бодрен од терористички јатаци му испраќа покани со „ФЈР Македонија“, или кога воопшто не ја спомнуваат. Впрочем, тој се радува што го поканиле, да го искористат како карикатура, а тој пустиот радувајќи се дека поддржува „соживот“ и „европски вредности“ но под знамето на терористичка организација, со два прста во вис славејќи го основачот на УЧК Адем Јашари и фашистот Џемо Хаса.

pokana_Zaev

Не само што со вчерашниот потег покажа дека поради нешто е до гуша задолжен кај албанските радикални структури во земјава, туку и поддршката која тој се обиде да им ја даде на „Балистите“ беше непосакувана од самите навивачи, кои го сметаа Заев за баксуз поради кој Шкендија загубила со 4:0 од белгиски Гент. Непотребно, или пак под закана за исплаќање на своите долгови Заев се изглупира до максимум, особено ако се знае дека тој ниту еднаш не се појавил да ја бодри Македонската репрезентација или пак на пример ФК „Вардар“.

zaev_komentari_skendija8

zaev_komentari_skendija

zaev_komentari_skendija2

zaev_komentari_skendija3

zaev_komentari_skendija4

zaev_komentari_skendija5

zaev_komentari_skendija6

zaev_komentari_skendija7

ОВА Е ПРЕТСЕДАТЕЛ: Еве што им подари Путин на руските освојувачи на медали во Рио

Руските спортисти, кои на Олимписките игри во Рио де Жанеиро освоија медал, на подарок од државата ќе добијат луксузни автомобили BMW, објави ITAR-TASS.

 

Сите 19 освојувачи на златни медали ќе добијат на подарок BMW од серијата X6, спортистите кои на Русија ѝ донесоа 18 сребрени медали ќе добијат автомобил BMW X5, додека 19-те „бронзени“ руски спортисти ќе станат сопственици на автомобил BMW X3.

Клучевите од возилата на спортистите ќе им бидат врачени по традиционалниот прием кај претседателот Владимир Путин.