дома блог страница 2

(Видео) Најмалку две лица загинаа – Пожар во руската ковид болница св. Ѓеоргија

Две лица загинаа денеска во пожар во ковид болницата во Астрахан, на југот на Русија, пренесуваат медиумите во регионот.

Пожарот избувнал во одделението за интензивна нега, во болницата свети Ѓорѓија

Според првичните информации се запалил апаратот за довод на кислород.

Персоналот и пациентите се евакуирани од зградата.

Во Грција од денеска стапија на сила новите мерки – задолжително маска и на отворено

Маската од денеска одново се воведува и за надворешните простори во Грција, па така, задолжителна е и на затворено и на отворено, а за прекршување на мерката предвидена е казна од 300 евра.

Од шест часот утрово, во Грција стапија во сила новите мерки што вчера го соопшти министерот за здравство Танос Плеврис, а освен задолжителната употреба на маска секаде, се воведува и задолжителна двојна маска (хируршка и платнена) или маска со висока заштита КН95 за супермаркетите и јавниот превоз.

Паралелно се откажуваат сите јавни божиќни и новогодишни манифестации, а постои силна препорака за тестирање, како на посетителите кои пристигнуваат во Грција, така и на граѓаните пред празничните собири.

-Посетителите што доаѓаат во Грција, освен задолжителниот ПЦР од 72 часа или рапид тест од 24 часа, бидејќи имаме индикации дека кај многумина болеста се појавува по направениот ПЦР или рапид, ќе бидат обврзани со силна препорака да го повторат тестирањето на вториот и на четвртиот ден по нивниот влез во земјата, за да можеме да следиме дали се заболени, рече вчера Плеврис, додека пак на новинарско прашање објасни дека за туристите, постои силна препорака за тестирање со фактот дека е „многу тешко, речиси невозможно да се контролира“.

Новите мерки ќе важат до 3 јануари во шест часот наутро, додека пак веројатно е дека по празниците ќе бидат воведени нови мерки.

Плеврис, рече дека мерките се во две фази, првата од денеска, а втората од 3 јануари 2022 години.

За вториот пакет мерки по Нова година, надлежната комисија на епидемиолози во понеделник, ќе одржи состанок за да ги разгледа новите податоци и да ги прецизира деталите.

Во втората фаза, од 3 јануари, мерките ќе се однесуваат на ноќниот живот, во однос на работното време на клубовите и баровите, на работа од дома, на спортските натпревари и евентуалното одржување без публика.

Министерот за здравство на Грција истакна дека во секој случај, новите мерки и првиот пакет и вториот по Нова година,  нема да упатуваат на евентуален локдаун и целосен карантин, нема да се воведе задолжително праќање смс за излегување, а волјата на Владата е да не се затворат училиштата.

Како што е и досега пракса во Грција, мерките во внатрешноста на земјата, освен за Грците, важат и за туристите.

(Видео) Украле мост – Полицијата не знае како

Полицијата во Охајо е збунета бидејќи мост долг 17 метри е украден.

Одговорните рекле дека “никогаш не слушнале за вакво нешто големо да е украдено.

Лоповите демонтирале 17 метарски мост поставен на реката Акрон во Охајо, а полицијата подоцна рекла дека целата конструкција исчезнала од својата локација.

Мостот, велат одговорните, бил поставен почетокот на 2000. година како проект за обнова, но градот подоцна одлучил да го искористи за друг проект и извесно време го држеле на земја, за дополнителна потреба.

Битиќи: Комисиите со Бугарија се важни, клучно е железничката инфраструктура да профункционира час поскоро

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во предновогодишното интервју за МИА оценува дека комисиите за економија и за инфраструктура што ги предлага бугарскиот премиер Кирил Петков се важни за да се унапреди економската соработка.

Склон сум да кажувам дека соработката треба да доаѓа на природен начин, но кога тоа не е возможно, тогаш мора да креираш одредени тела кои мора да дадат јасна зададена агенда. Ние искрено се обидуваме да покажеме дека сме отворени за соработка, не само со Република Бугарија, туку и со секоја соседна земја, затоа што силно веруваме во принципот на регионална конкурентност. Колку повеќе соработуваме, толку повеќе добробит за нашите граѓани – вели Битиќи.

Според него, најдобар пример за тоа е Преспанскиот договор, со кој, не само билатералните, туку и економските односи со соседна Грција, ги даваат првите резултати, како што се изградбата на интерконекторот, терминалот Александруполис и гасната електрана.

Во видео интервјуто, што во целост ќе биде објавено утре, вицепремиерот Битиќи порачува дека и за Македонија и за Бугарија е важно железничката инфраструктура да профункционира час поскоро.

Без разлика што во овој период добивме на двапати вето од Бугарија, ние продолживме со напорите за подобрување на патната и железничката инфраструктура кон нашиот сосед. Само што заврши тендерот и моето очекување е дека веќе во март ќе ги воведеме во работа компаниите за продолжување на железничкиот коридор кон Бугарија и некаде во јуни ќе биде објавен тендерот за третата фаза со што финално го заокружуваме Коридорот 8 кон Бугарија. Според проекциите, би требало да заврши до 2025 година наспроти бугарските планови кои велат дека до 2027 година би требало да биде завршена железницата. Комисијата треба да го усогласи тоа, затоа што ниту за Бугарија, ниту за нас, е добро железницата да заживее во 2027 година. Треба да седнеме и да направиме напори час поскоро тоа да го имаме. Затоа сметам дека комисиите ќе бидат битни за да ја дефинираат јасната агенда, за да ги елиминираат евентуалните законски пречки, ако ги има, за компаниите и стопанствениците да соработуваат. Од друга страна зошто да не креираме и законски можности со кои ќе се унапреди соработката на компаниите и инвестициите взаемно – бугарски инвестиции во Македонија и македонски инвестиции во Бугарија – вели Битиќи.

Во интервјуто, Битиќи открива и дали ќе има рестрикции на струјата по Нова година, дали не очекува нов ценовен шок по 31 јануари кога завршува одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти, како и за неговите очекувања од иницијативата „Отворен Балкан“.

Одрон пред Миладиновци – сообраќајот пренасочен на една лента

Поради свлечиште и голем одрон на патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари, кај Мокрински Извори, е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. „Македонијапат“ работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива по претежно суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

(Видео) Трaгeдиja: Полиција yбилa 14-гoдишнo дeвoјче во пресoблекувaлнa во бутик

Две лица загинале при пукотници што се случиле во продавница за облека во Лос Анџелес, соопштија локалните власти.

Полицијата во Лос Анџелес потврди дека пукањето се случило околу 11:45 часот во продавницата Барлингтон, која се наоѓа во северниот дел на Холивуд, во долината Сан Фернандо, а портпаролот на противпожарната служба изјави дека телата на маж и жена биле пронајдени на местото на настанот.

Како што беше соопштено, уште една жена со умерени до тешки повреди е пренесена во болница, но не се знае дали нејзините повреди се резултат на повредите во престрелката, пренесуваат американските медиуми.

Сепак, дел од нив објавија дека во тоа пукање, полицијата случајно убила 14-годишно девојче, кое било во соблекувалната.

Полицаецот наводно пукал во разбојникот кој бил до соблекувалната, а еден куршум случајно ја погодил и девојката. Се тврди дека и разбојникот бил убиен.

Приведено лице од Виница – со закана кон вработените украл пари од обложувалница

На 22.12.2021 во 20.40 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.Ј.(36) од Виница. Тој се сомничи дека на 20.12.2021 со закана кон вработените одзел пари од обложувалница во Виница.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

(Видео) Страшно: Изгоре преполн траект – 37 загинати

Најмалку 37 лица загинаа, а 72 се повредени во пожар на преполн траект на југот на Бангладеш, соопштија локалните власти.

Пожарот избувнал три часа по полноќ по локално време, во близина на градот Џалакати, на брод што испловил од главниот град Дака и тргнал на југ кон градот Баргуна, оддалечен 250 километри.

Акцијата за спасување продолжува и дека најверојатно бројот на жртви ќе биде поголем, јавија локалните медиуми. Засега не е познато што го предизвикало пожарот.

Кои градови ја откажуваат нова година а кои ќе ја слават

Веќе некое време се чинеше дека можеме да ја дочекаме Новата година во големите градови низ светот на прослави кои потсетуваат на оние од минатото, пред пандемијата. Сепак, новиот раст на бројот на пациенти и брзото ширење на варијантата омикрон ги урна тие надежи – барем во некои делови од светот.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, во средата рече дека се надева дека прославата на Тајмс Сквер ќе се одржи според планираното, додека разговараше со официјалните лица за дополнителни мерки на претпазливост.

Некои поголеми градови во Европа, каде што ширењето на омикрон е запрепастувачки, веќе објавија дека целосно ги откажуваат плановите или го намалуваат опсегот на прославата.

Еве за кои градови за кои традиционално се знае дека досега се одлучуваат се одлучиле да организираат големи новогодишни настани и прослави.

Еве кои ги „откажаа“ прославите

Берлин

Германија ќе воведе строги контактни мерки од 28 декември со цел да се запре ширењето на вирусот и да се забранат новогодишните собири, објави на 21 декември германскиот канцелар Олаф Шолц.

Тоа значи дека нема да има собири поради големиот огномет во Берлин, ниту на други големи собирни места како Минхен и Франкфурт.

Од 28 декември ќе биде дозволено да се соберат најмногу 10 лица во групи, без разлика дали се вакцинирани или оздравеле од ковид-19. Од новите мерки се ослободени децата на возраст до 13 години.

Грција

Грција најави нови мерки за спречување на ширењето на вирусот. Почнувајќи од шест часот во петок наутро, маските повторно ќе бидат задолжителни на отворен и затворен простор, додека во јавниот превоз и продавниците ќе биде потребна двојна маска или маска со висока заштита.

Сите празнични прослави планирани од општините – Нова Година и Божиќ – се откажани, додека на сите патници што ќе пристигнат во Грција ќе им се советува да направат тест за ковид на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето, покрај постојното барање да достават негативен тест при влез.

Мерките ќе важат најмалку до 3 јануари, рече министерот за здравство, кога би можело да се воведат дополнителни мерки поврзани со спортско-забавни настани, како и работа од дома.

Единбург

Јавните новогодишни прослави во Шкотска ќе бидат откажани, изјави премиерката Никола Старџен на 21 декември.

Се воведуваат постбожиќни мерки за да се спречи ширењето на омикронот.

За жал, тој потег значи дека нема да има големи прослави на Хогманај, вклучително и планираното овде во нашиот главен град. Знам колку ова ќе биде разочарувачки за оние кои со нетрпение ги очекуваат овие настани – рече премиерот.

Лондон

Планираниот новогодишен настан во Лондон е откажан поради загриженост за Ковид, твитна градоначалникот Садик Кан на 20 декември.

Поради зголемувањето на бројот на случаи, донесовме тешка одлука да ја откажеме новогодишната манифестација на плоштадот Трафалгар. Безбедноста на сите граѓани на Лондон мора да биде на прво место – напиша тој.
Се очекуваше околу 6.500 луѓе да присуствуваат на прославата, но наместо тоа, програмата ќе се емитува на полноќ на BBC One, рече градоначалникот.

Њу Делхи

Владата во Њу Делхи објави забрана за сите социјални, културни, политички и празнични собири поради зголемувањето на случаите на коронавирус.

Сите официјални лица ќе се погрижат да не се одржуваат културни настани / собири во регионот – велат од владата во Делхи.

Баровите и рестораните ќе можат да работат со само 50 отсто капацитет.

Париз

Париз го откажа традиционалниот огномет за новогодишната ноќ поради скокот на случаи.

„Нема да има огномет и диџеи“, рече градоначалникот.

Францускиот премиер Жан Катекс на 17 декември рече дека големите јавни прослави и огномет ќе бидат забранети на 31 декември и препорача дури и вакцинираните да направат тестови пред да одат на забави до крајот на годината.

Рио де Жанеиро

Прославата на Новата година во главниот град на Бразил е откажана поради загриженост за корона вирусот.

Ја почитуваме науката. Одлуката ја донесов со тага, но не можеме да ја организираме прославата без гаранција од сите здравствени власти – рече градоначалникот.

Рим

Рим е меѓу неколкуте градови во Италија кои одлучија да ја откажат новогодишната прослава.

Регионот Кампанија, исто така, ги забрани гозбите и консумирањето алкохол на јавни места од 23 декември до 1 јануари. Венеција ги откажа и концертите на отворено и новогодишниот огномет.

Настани кои (се уште) не се откажани

Не сите светски градови ги откажаа прославите. Еве некои од градовите кои традиционално се познати по исклучителните огномети и големите новогодишни настани кои продолжија да напредуваат со своите планови:

Бангкок

Главниот град на Тајланд ќе одржи прослави, но со одредени безбедносни предупредувања. Според Бангкок Пост, дозволени се само отворени простори. Присутните мора да бидат целосно вакцинирани, тестирани во рок од 72 часа и регистрирани да присуствуваат.

Кејп Таун

Прекрасниот крајбрежен град во Јужна Африка сè уште дозволува новогодишни настани за своите жители, според неговата туристичка веб-страница, но со многу безбедносни проверки. Ова вклучува предвремено затворање и строг полициски час.

Дубаи

Пиротехнички средства во Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот, сè уште се планирани, според VisitDubai.com.

Емиратот бара посетителите кои сакаат да бидат на прославата да се регистрираат користејќи ја апликацијата U by Emaar за да добијат индивидуални QR-кодови кои ќе овозможат пристап.

Лас Вегас

Американскиот магнет за коцкање сè уште планира да пушти огномет од врвот на осумте хотели-казина, според Las Vegas Review Journal. Огномет ќе се одржи и во центарот на Лас Вегас.

Сиднеј

Најголемиот град во Австралија продолжува со плановите, но ќе ви требаат билети за да присуствувате оваа година. Вакцинацијата не е целосно потребна, но се препорачува.

Тајпеј

Најголемиот град на островот Тајван планира да го одржи годишното одбројување и огномет на високиот облакодер Тајпеј 101, јавуваат локалните медиуми.

(Фото) Татко и ќерка шверцувале 1,2 тони кокаин во Црна Гора – ова се деталите

Вишото државно обвинителство во Подгорица денеска соопшти дека поднело обвинение протв Будимир и Марина Крстовиќ, татко и ќерка, заради трговија со дрога.

„По спроведената истрага и анализа на сите собрани докази и податоци, Вишото државно обвинителство во Подгорица на 23.12.2021 година поднесе обвинителен акт против обвинетите Б.К и М.К., за сторено кривично дело неовластено производство, држење и пуштање во промет на наркотични дроги. – кокаин во количина од 1.206.253 килограми, за што е поднесено обвинение до Вишиот суд во Подгорица за одлучување по истото“, се вели во соопштението на обвинителството.

Во нивниот склад во селото Мојановиќи кај Подгорица пристигнал товар со дрога во вредност од 100 милиони евра, а Марина на рочиштето, според црногорските медиуми, изјавила дека нарачала банани од добавувач со кој соработувале за години.. Марина и Будимир биле приведени кога во нивниот склад бил пронајден товар со кокаин, а потоа биле пуштени да се бранат од слобода.

Иако таткото и ќерката Будимир (66) и Марина Крстовиќ (27) се осомничени за оваа нелегална трговија со дрога, која била скриена во пратка со банани и чија вредност се проценува на повеќе од сто милиони евра, нарачателите на бизнисот допрва треба да се открие..

По нивното апсење, црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ рече:

– Не можам да откријам детали од операцијата, но можам да кажам дека овде целта е да се стигне до главните, до врвот на пирамидата и очекувам дека ќе се постигне овој резултат. Не станува збор само за трговија со дрога или цигари, туку и за убиствата што се случија во претходниот период. Подготвен сум да се жртвувам за да постигнеме резултати – изјавил Абазовиќ за еден црногорски медиум.

Да потсетиме, Будимир Крстовиќ со семејството живее во Белград веќе 30 години. Таа е најголемиот увозник на банани во регионот. Семејството Крстовиќ има голем фрижидер на имотот во Зета и во Стара Пазова. На секои 15 до 20 дена од Јужна Америка пристигнуваат контејнери со неколку десетици килограми јужно овошје, главно банани.

Контејнерот во кој била пронајдена дрогата бил натоварен на почетокот на август во Јужна Америка, а со прекуокеански брод стигнал до Италија. Потоа бил претоварен во помал брод кој требало да ја пренесе робата до пристаништата на Медитеранот.

Крстовиќ и вработените во неговата компанија ги виделе тие банани дури откако биле донесени во нивниот фрижидер. Немале контакт со пакување, препакување, утовар, претовар, царинење. Има индиции дека контејнерите на оваа компанија и рутата по која биле транспортирани од Еквадор до Црна Гора се користеле за шверц на кокаин. За овој случај се заинтересирала Американската агенција за сузбивање наркотици (ДЕА), пред се` затоа што истрагата не утврдила ништо ново во однос на она што се знаело на почетокот на истрагата.

Црногорските царински и истражни органи најверојатно ја информирале ДЕА за пратката со кокаин која била пронајдена во контејнерот со банани.

Марина Крстовиќ била уапсена на 26 август, а нејзиниот татко Будимир еден ден подоцна под сомнение дека учествувале во шверцот на 1.400 килограми кокаин запленети во селото Мојановиќи. Во акцијата која резултирала со заплена на кокаин, учествувале службеници од Секторот за борба против криминалот, Центарот за безбедност во Бар и Подгорица, Управата за приходи и царината и од Вишото обвинителство во Подгорица, објави српски Курир.