December 10, 2022, 3:05 am

(Видео+фото) Река од луѓе: Илјадници граѓани излегоа на семакедонскиот пpoтест за правда на уставобранителите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илјадници луѓе се собраа денес пред Владата на семакедонскиот протест да го изразат својот револт против садистичкото однесување на државата кон уставобранителите. Бројот на граѓаните е огромен и покрај тоа што утринава беа поставени полициски патроли на влезовите на град Скопје и беа сопирани и казнувани возилата кои беа упатени кон главниот град.

„Слобода за македонските патриоти“, „Слобода за Горан Ангелов“, „Слобода за Игор Југ“ се само дел од транспарентите кои ги вејат присутните на протестите. Дел од нив ги носат македонското знаме и знамето од Вергина.

Протестот е организиран Македонците од целиот свет, а по повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април. Организаторите на Семакедонскиот протест апелираат до сите учесници да се придржуваат на протоколите за време на пандемија, носење маски и на пропишана дистанца, како и на почитување на неповредливоста на имотите и неприкосновеноста на животите. Организаторите се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа.

Семакедонскиот протест можете да го следите во живо ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This