По наредба на Обвинителството за организиран криминал во соработка со СБПОК приведени се четири жени Б.Б., Т.М. С.Ѓ и М.М. поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело перење пари.
Според Танјуг, уапсени се сопругата и свекрвата на Вељко Беливук, сопругата на Марко Миљковиќ и вонбрачната сопруга на Филип Ивановиќ.
На свое име купиле недвижен имот и переле пари за кои постои сомневање дека се од активностите на криминалната група организирана од Вељко Беливук и Марко Миљковиќ.
Пребарувањата се во тек.