January 21, 2022, 11:23 am

ГРАД СКОПЈЕ ПРИСИЛНО ЌЕ НАПЛАЌА ДАНОК НА ИМОТ: Присилна наплата на заостанат и неплатен долг од 2013 до 2017 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Град Скопје ќе почне постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот за 2013 година, а заклучно со 2017 година, согласност со одредбите за присилна наплата  и обврските што произлегуваат  од Законот за даноците на имот.

-Им укажуваме на сите даночни обврзници кои по горенаведениот основ имаат заостанат и неплатен долг, за да не дојде до присилна наплата потребно е неодложно да ги подмират своите обврски, стои во соопштението до Град Скопје.

Информираат дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картичка, која е објавена на интернет сајтот на Град Скопје со извршена регистрација на истиот.

Порачуваат дека со цел да се избегнат непотребните блокирања на сметките, доколку се увиди дека постои платен, но нерегистриран долг, даночниот обврзник може да се јави, односно лично да дојде во просториите на Град Скопје, барака 16 секој работен ден од 07:30 часот до 16:30 часот.

Од Град Скопје потествуваат дека во март се испратени опомени за неплатен данок на сите  даночни обврзници. Појаснуваат дека од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата на данокот на имот по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата што ќе бидат доставени до даночните обврзници.

Доколку по ваквото решение не се постапи се изготвува решение за блокада на сметките на должниците во деловните банки.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This