January 17, 2022, 4:59 am

Десетината пожapи во тетовско, повpeден еден пожарниkap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден пожарникар е полесно повреден во Тетово при гаснење пожар во текот на вчерашниот ден, а противпожарната единица морала да интервенира на десетина места во периодот од 8 часот па се до 3 часот рано изутринава.

– Вчера имавме пожар кај Спортскиот центар во Тетово каде беше повреден пожарникарот. Освен таму на отворено имавме пожари во атар на Брвеница, Жеровјане на дива депонија во Челопек во куќа и плевна и на автопатот Тетово-Скопје на возило. Причини се високите температури и несериозноста на граѓаните кои палат на отворен простор, информира Ука Алити, командант на тетовската пожарна.

Од полицијата потсетуваат дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This