January 17, 2022, 2:15 am

Кризата не ја одмина ниту Германија, инфлaцијата надмина 5% за првпат во изминатите 29 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфлацијата во Германија надмина 5% за првпат во изминатите 29 години.

Потрошувачките цени овој месец пораснаа за 5,2% во споредба со истиот период лани, објави Федералниот завод за статистика.

Минатиот месец, инфлацијата изнесуваше 4,5%. Трошоците за енергија за домаќинствата се зголемија за 22,1% на годишно ниво.

Инфлацијата беше поттикната од неколкумесечниот раст на цените на енергијата, додека глобалната економија закрепнува од пандемијата. Економските експерти предвидуваат дека стапката на инфлацијата ќе паѓа на почетокот на 2022 и ќе изнесува 2,6% во текот на годината.

Инфлацијата е важен индикатор за монетарната политика на Европската централна банка, чија цел е годишна инфлација од 2% во 19 држави од еврозоната.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This