January 17, 2022, 5:15 am

Облачно и врнежливо денеска – температурите до 8 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето денеска ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови.

Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната ремпература ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 2 до 8 степени.

Во Скопје, облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Во текот на денот во повисоките делови од Скопската котлина ќе врне повремен слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во среда и четврток претпладне ќе има преодно стабилизирање на времето со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата. Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет. 

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This