January 20, 2022, 12:10 am

Рама: Oбeзбeдyвaњeтo зacoлништe зa oниe штo бeгaaт oд тaлибaнцитe e зaдaчa зa нac

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обезбедувањето безбедно засолниште за оние што бегаат од смртта на талибанците е задача за нас, што ги надминува сите други, вели албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за италијанските медиуми, потсетувајќи при тоа на егзодусот на Албанците.

– Пред 30 години бевме Авганистанци кои бараа гостопримство од другата страна на морето. Ние, во тоа време изгледавме како туѓинци за италијанскиот народ и европското јавно мислење, како што денес изгледаат Авганистанците. Од друга страна, имаме традиција која треба да ја почитуваме. Албанија е единствената европска земја која беше домаќин на Евреите пред и по завршувањето на Втората светска војна. Тоа е кодекс на чест што не обврзува да бидеме гостопримливи. Кодекс, според кој куќата на секој Албанец му припаѓа на Бога и на гостинот, изјави Рама, пренесува АБЦ њуз Албанија.

Како што јави дописничката на МИА од Тирана, тој вели дека треба да продолжат да го прават тоа и за нивните деца, „кои тоа гостопримство треба да го негуваат како скапоцено богатство“.

– Верувам дека треба да продолжиме да го правиме ова и за нашите деца. Тие, исто така, треба да го негуваат, како скапоцено богатство, ова чувство на одговорност кон другите во тешкотии, да бидат деца на народ кој во различни моменти од својата историја се потпираше на гостопримството на другите, вели Рама.

Тој не се согласува со некои мислења дека една земја може да страда ако прими десетици, па дури и стотици илјади бегалци. Навистина, додава, ние станавме, според мое мислење, морално побогати и психички посилни.

Во интервјуто, Рама, кој ќе биде на чело на извршната власт и следните четири години, што му е трет последователен мандат, уште еднаш ја критикуваше ЕУ, не само за Авганистанците, туку и за прашањето за интеграција.

– Унијата е дом кој во моментов им припаѓа на другите и тие имаат право да одлучат дали сме подготвени или не. За жал, со години ги плаќаме последиците од Европа која не може да го издржи притисокот на анкетите. Притисок што се претвора во битие во политиката, не секогаш во согласност со нејзините принципи, вредности и идеали, оценува Рама.

Албанија, како што претходно изјави Рама, по барање на САД, ќе прими три илјади Авганистанци.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This