January 19, 2022, 8:00 am

Русија повторно го kaзни Гугл со неколку стотици илјади долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како дел од поширокиот спор меѓу државата Русија и американскиот технолошки гигант Гугл, судот во Москва денеска и одреди парична казна на компанијата Гугл Алфабет Инк. во износ од 3 милиони рубљи (400.386 долари), бидејќи не ги избришал содржините што се сметаат за нелегални во Русија.

Минатиот месец Русија се закани дека ќе го казни Гугл со одреден дел од годишниот приход на компанијата генериран во Русија бидејќи во неколку наврати не успеал да ги избрише забранетите содржини на својот пребарувач и на YouTube.

Гугл, кој минатиот месец објави дека платил повеќе од 32 милиони рубљи казни, не одговори веднаш на барањето на Ројтерс да ја коментира денешната одлука на судот во Москва.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This