January 19, 2022, 9:43 am

СЕДЕВ СО МУСА ЏАФЕРИ, НО ЗОШТО МЕ СЛЕДАТ: Хоџа од Бeca ги објави тие кои го сликале

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот министер за земјоделство од Беса, Аријанит Хоџа потврди дека се сретнал со Муса Џафери откако во јавноста беше споделена фотографија од нив двајцата. Тој вели дека не се криел туку се сретнал јавно, но вели дека се прашува кои се луѓето кои го следат секој негов чекор. Подолу во објавата постави и фотографија од двајца за кои тврди дека се тие кои го сликале.

„Гледам дека почнаа да споделуваат фотографија од мене со Муса Џафери, оваа средба е одржана во јавноста без да се кријам од никого и без да имам никаков товар во моето политичко делување. Јас како активна политичка личност имам стотици средби со луѓе кои сакаат да разговараат за политички настани. Се поставува прашањето: кои се луѓето кои го следат секој мој потег и дали ова се надоврзува со институционални инструкции и како безбедносните органи го оправдуваат нарушувањето на приватноста на еден министер при оставката на актуелната Влада.

Ако некој е исплашен од фотелјата на власт и го кочи растот на Движењето БЕСА, тоа е проблем на тие што ја имаат оваа грижа, а не наш.

П.С. На фотографијата се луѓето кои ја направиле фотографијата. Посакувам службите да преземат соодветни мерки за тоа кои се луѓето кои ме придружуваат во секој потег и кои се причините за придружба на поранешен министер!

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This