АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ: Пржинска Влада па предвремени избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централното претседателството на Алијанса за Албанците на состанокот одржан во петокот по бројни дискусии и анализи на политичката ситуација по референдумот, ги донесе следните заклучоци:

Резултатот од референдумот на 30 септември, каде што огромното мнозинство на граѓани одговорија позитивно и гласаа за референдумот е неспорен индикатор дека поголемиот дел од нашите граѓани се определени за НАТО и ЕУ. Неуспехот да се постигне потребниот цензус на референдумот од 30 септември претставува уште една политичка, формална и правна ситуација. Со други зборови, на 30 септември немаше пресуда, но имаше јасна порака од граѓаните до политичката класа, а пораката е дека одлуката и се делегира на Собранието, односно на пратениците за да се направат сите потребни напори за обезбедување на 2 / 3 во Собранието за да се изгласат потребните уставни измени.

Алијансата за Албанците проценува дека дури и ако се постигне потребниот консензус за целиот политички спектар по уставните измени, земјата мора веднаш да оди на предвремени парламентарни избори.

На процес на предвремени парламентарни избори треба да му претходи Пржинскиот модел заедно со чистење на изборните листи од фиктивните гласачи, завршување на дебатата за изменување и дополнување на Изборниот законик, како и спроведувањето на пропорционален изборен систем со отворени листи.

Бидејќи во оваа фаза има недостаток на време, дебатата за бројот на изборните единици треба да биде завршена во еден друг момент а итно да се реши проблемот со изборната единица бр. 6, која има 10% повеќе гласачи од другите изборни единици, а тоа е во спротивност со Уставот и Законот за избори. Алијансата за Албанците предлага Дебар и Кичево како територии целосно да поминат во Изборната единица Број 5, информираат преку соопштение од партијата.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This