(Видео)Грчките служби објавија снимка од извлекувањето на телата на загинатите македонски планинари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчката противпожарна служба објави видео од извлекувањето на телата на загинатите македонски планинари Калина Велевска (27) и Александар Миновски (35). Тие загинаа вчера на врвот Кајмакчалан, на планината Ниџе по пад во бездна. Според информациите што ги објавија грчките медиуми, нивните тела биле пронајдени на оддалеченост од 30 метри.

Тие биле дел од група од 50 планинари, но по некое време се одвоиле од останатите планинари. Грчките медиуми објавија дека временските услови биле лоши – дувало силен ветер и имало магла.

Планинарите по телефонскиот сигнал биле лоцирани во непрооден дел, но не давале знаци на живот. Спасувачката акција започнала по пријавата на останатите планинари кои ја искачувале планината откако забележале дека Велевска и Миновски ги нема во групата. Во потрагата биле вклучени 13 спасувачи, 3 возила и еден хелихоптер.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This