ВМРО-ДПМНЕ: За само 1 месец СДСМ ги задолжи граѓаните за 60 милиони евра, а не реализираа ниту еден проект

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДС нема ниту грам одговорност кон сопствените граѓани. За само 1 месец од нивното владеење ги задолжи граѓаните за 60 милиони евра. Лицемерието на СДС се повеќе доаѓа до израз. СДС откако се на власт секој ден ги задолжуваат граѓаните по 1 милион и 600.000 евра. Потенцирам, секој ден изминативе месец дена Владата на СДС ги задолжуваше граѓаните по 1 милион и 600.000 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС и Тевдовски велеа дека државата е презадолжена и тие ќе прекинат со задолжувањата. Очигледно ги лажеа граѓаните. Ниту државата е презадолжена, ниту пак престанаа со задолжувањата. СДС и Тевдовски ги уценуваа домашните банки дека ако купат од домашните обврзници хартии од вредност нема да им ги признаат. Уште една лага. Сега не само што им ги признаваат, туку и ги молат домашните банки да купуваат домашни обврзници. Тенденцијата на СДС со ова темпо на задолжување е да ги задолжи граѓаните за 4 години скоро 3 милијарди. СДС ги задолжија граѓаните 60 милиони евра уште не дојдени на власт, а не реализираа ниту еден проект. Нема 16.000 просечна плата, нема 100.000 денари плата за докторите, нема 1 километар од најавените 500 километри автопат, истакна Христијан Делев.

Згора на се, додаде Делев, велат дека ќе штедат и има пренатрупаност во администрацијата, а вработуваат секојдневно нови луѓе од НВО секторот на СОРОС и новинари блиски до нив.

-Ова е лицемерието на СДС. Манипулирајќи ги граѓаните пред изборите, се што им ветија ги излажаа. Граѓаните се навикнати на сериозна и одговорна Влада, а не на Влада како на СДС која од ден во ден ги задолжува и нема никаков план и рок за било кој проект во иднина.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This