ЗАЕВ САМ СО СЕБЕ СЕ ДОГОВОРИ: Ќе се менува изборниот модел, една изборна единица на изборите во април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Собранието во тек е дебата за промена на изборниот модел иницирана од 15 пратеници. Сите предлагаат една изборна единица и отворени листи, но се со задршка дека за ваква промена ќе нема време да се случи до претстојните парламентарни избори на 12 април 2020. Исто така, тие предлагаат и 50 отсто од кандидатите на листите да бидат жени.

Пратениците посочија и дека не би гласале за никакви други измени на Избрниот законик, ако не се прифатат нивните предлози за промена на изборниот модел.

На ваквите ставови жестоко реагираше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова која рече дебатата е фарса ако и натаму велиме дека нема време за промена на изорниот модел. Напротив, рече таа, сега е вистинско време за промена која е во интерес на граѓаните.

На дебатата е присутен и премиерот Зоран Заев, кој во изборните кампањи ветуваше реформа на изборниот модел. Тој го поддржа ставот дека сега е вистинско време за промена на моделот и дека нема никакви законски пречки да не се случи тоа ако Собранието иницира таква промена.

– Ние се залагаме за една изборна единица, а за локалните избори да имаме отворени листи. На овој начин ќе се демократизира државата иако е јасно дека на овој начин добива демократијата, а губи партијата – рече Заев.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This