Заев: Толеранцијата, заедно со почитувањето на различностите и признавањето на правата на другите, се во темелите на нашето „Едно општество за сите“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Толеранцијата, заедно со почитувањето на различностите и признавањето на правата на другите, се во темелите на нашето „Едно општество за сите“. Република Македонија ја изгради оваа голема вредност и придобивка, која денес ја препознава целиот свет и е важно да ја афирмираме и негуваме, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.
Денеска e Меѓународен ден на толеранцијата во календарот на Обединетите Нации. Во пораката за оваа година, подвлекува тој, ОН порачуваат дека овој ден е потсетник дека различностите, достоинството на секој маж и жена, и борбата против расизмот и дискриминацијата треба да бидат наше секојдневие.
– Ве повикувам да продолжиме да го зацврстуваме и да го браниме општеството на еднакви граѓани без разлика на нивната етничка, социјална, верска, сексуална и било каква определба, за да живееме во разбирање и мир, слога и заедништво, во општество во кое секој ќе се чувствува еднакво и сигурно, објави Заев на ФБ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This