April 26, 2024, 12:10 pm

ЗГРМЕА РУСИТЕ ПО ПОСЕТАТА НА САЛИВЕН ВО МАКЕДОНИЈА: Присуството на Бејли во Собранието на „гнасното гласање“ докажува дека само Вашингтон се меша во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со недокажана антируска реторика, Вашингтон се обидува да го оправда своето бесрамно мешање во внатрешните работи на Македонија и да го легитимира погрешниот Преспански договор, критикува руското МНР по изјава на заменик државниот секретар на САД, Џон Саливан, кој пред четири дена во посета на Македонија се средна со државниот врв.

По средбата со премиерот, Зоран Заев, Саливан даде изјава во која го прокоментира руското влијание на Балканот, и поконкретно во Македонија. Тој рече дека Русија сака да го поткопа Договорот во Преспа и да го спречи членството на Македонија во НАТО.

Три дена подоцна, односно вчера, со реакција се јави и руското МНР. Од таму со контратврдење – Вашингтон, а не Русија, се меша во одлучувањето на Скопје. Како што стои во рекацијата од таму, оценките на Саливан не можат да се игнорираат.

„Министерството за надворешни работи на Русија сака овој американски претставник да се врати во реалноста. Прво, ‘јасната волја на македонските граѓани’ се покажал како неуспех на референдумот на 30 септември годинава, чиј резултат беше дека поголемиот дел од населението го отфрли наметнувањето на САД и нивите сојузници Скопје да влезе во евроатланските структури, во замена за менување на името на државата и напуштање на нејзините национални интереси. По повод тврдењето за вмешаноста на Русија: добро е познато дека американскиот амбасадор бил во зградата на Собранието на Република Македонија за време на гнасното гласање на 19 октомври годинава, кога неопходниот резултат е обезбеден со валкани манипулации, подмитување и уценување на пратеници што е познато за широката јавност“, велат од таму.

Покрај тоа, пишува во соопштението од Москва, „не руски, туку посетители од Соединетите држави, ЕУ и земјите од НАТО речиси секојдневно се менуваат на политичката сцена во Скопје само за да го истуркаат пакетот амандмани за измена на Уставот“ на Македонија поради спроведување на договорот со Грција.

„Сето тоа е вообичаено, бидејќи со недокажана антируска реторика, Вашингтон се обидува да го оправда своето бесрамно мешање во внатрешните работи на Република Македонија, да го легитимира погрешниот Преспански договор (на Македонија со Грција) и уште една земја од балканскиот регион да ја вовлече во НАТО против волјата на нејзините граѓани, како што тоа го стори со Црна Гора во 2017 година“, пишува на крајот на соопштението од Министерството за надворешни работи на Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This